Кафе муабет

Ја остави поради Шехерезад: Ова е првата сопруга на Онур- го абортираше детето, заврши на психијатрија, па се омажи за негов братучед!

Халид и Бергузар повеќе од една деценија се во брак...

Бегузар Корел и Халит Ергенч започнаа љубовна приказна пред повеќе од една деценија, а јавноста ги запозна по улогите во серијата 1001 ноќ.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Нивната приказна ја следеа скандали, но и покрај се љубовта победи.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено, Бегузар Корел и Халит Ергенч стапнаа на „лудиот камен“ во 2009 година, веднаш по завршувањето на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, каде што се запознаа. Младата Шехерезада на само 23 години влезе во романса со 12-години повозрасниот Сулејман, кој направи неочекуван потег кога ја запознал.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено, Халит беше во брак со актерката Гизем Сојсалди, која ја остави поради Бергузар, додека таа го чекаше нивното дете. Халит по девет месеци се развел од сопругата, која тогаш била бремена, а бидејќи Гизем не можела да го издржи фактот дека е заљубен во друга, таа решила да ја прекине бременоста, а веста беше главна тема во турските медиуми до пред неколку години.

Исто така, по патувањето на Шехерезад и Сулејман во Париз во 2008 година, сè се смени, а младата актерка потоа ја прекина долгогодишната врска и го остави партнерот поради колегата без многу помпа.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Да потсетиме, Бергузар Корел и Халит Ергенч имаат три деца – два сина Али и Хан, како и ќерката Лејла, која ја добија минатата година.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Инаку она што најмногу ја шокирапе јавноста е тоа што, пораншната турската актерка Гизем Сојсалди, воедно и поранешна сопруга на Халит Ергенч, по разводот се омажи за братучедот на Халит, турскиот режисер Хусеин Карабеј!

фото инстаграм/Гизем Сојсалди

Свадбата се одржа во Барселона, а на свадбената веселба присуствуваа само неколку блиски пријатели, бидејќи роднините на невестата, но и младоженецот не го поддржаа нивниот брак, турските медиуми, беа многу разочарани.

фото инстаграм/Гизем Сојсалди

-Ништо полошо не можеше да се случи! Сега се појавија сомнежи дека Гизем и Хусеин имале нешто додека таа била во брак со Халит, па тој полудел. Бидејќи досега соработуваа на деловен план, никој не знае како би можела да изгледа нивната прва средба по склучувањето на овој одвратен брак – истакнаа тогаш пријателите на Халит. Инаку, Гизем и Халит кратко време беа во брак по што подоцна актерот вплови во нова романса, со неговата сегашна сопруга Бергузар Корел.

фото инстаграм/Гизем Сојсалди

Поранешната сопруга на Халит, непосредно пред разводот со актерот, заврши на психијатрија во болница во Истанбул. Гизем била хоспитализирана откако земала десетици лекови со намера да си го одземе животот. По тридневна кома била префрлена на психијатрија каде останала до закрепнување.

фото инстаграм/Гизем Сојсалди

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close