Кафе муабет

ЈА ПРЕБОЛЕ ДУНАВКА ТРИФУНОВСКА – Ване Цветанов се сликаше со новата партнерка

На социјалните мрежи ја покажа новата љубов...

Некогашната Мис Македонија, Дунавка Трифуновска и нејзиниот партнер, поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов беа  доста интригантни за македонската публика, која го знаеше буквално секој нивен чекор.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Откако ја обелоденија нивната врска, скоро и да нема медиум кој не пишувал за нив.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Дунавка го привлече вниманието на јавноста во 2015 -тата година кога ја претставуваше Македонија на Мис Интернационал.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Парот остана секогаш во фокусот на вниманието на јавноста.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Неодамна, МВР излезе со поднесена кривична пријава против поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, Ване Цветанов за злоупотреба на службената положба.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Имено, Цветанов ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања, а вршел и незаконски јавни набавки со кои го оштетил државниот буџет за 75 000 евра.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Пред неколку дена , Цветанов на социјлните мрежи реши да ја покаже новата љубов.

      фото/Принтскрин

Имено, тој објави фотографија со новата партнерка, и изгледа брзо ја преболи Дунавка.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

„Животот е еден и треба да се живее. Бранко Црвенковски“, напиша Цветанов на својот фејсбук профил, заедно со фотографијата на која тој е прегрнат со неговата нова партнерка.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Цветанов беше разрешен од функцијата  во март, кога ја вработи жена му, манекенката и поранешна мис на Македонија – Дунавка Трифуновска.

      фото:Инстаграм/Дунавка Трифуновска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close