Кафе муабет
Ја криеја врската од Бјелогрлиќ: Еве како реагирал кога дознал кој му е потенцијален зет!
Тие се главна тема во медиумите...
Шармантниот актер Милан Мариќ, по кој воздивнуваат многу девојки во регионот и ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа Бјелогрлиќ, се запознале на снимањето на филмот „Тома“ во кој Милан ја игра главната улога, но почнале да се забавуваат за време на новогодишните празници.
Извор близок до популарната двојка за „Стори“ изјавил дека тие двајца извесно време ја криеле врската од Бјела, но и дека кога дознал бил воодушевен од изборот на својата ќерка.
Впрочем, како да не биде, кога и самиот го цени Милан и како маж и како колега, пренесуваат домашните медиуми.
Да потсетиме, Милан Мариќ и Миа Бјелогрлиќ се запознале на снимањето на „Тома“ во кој тој ја толкува главната улога, ликот на Тома Здравковиќ, а чиј автор е таткото на Мија, Бјела.
Тие двајца потоа се зближија, на прославата што се одржа по дочекот на Новата 2022 година.
Инаку, Милан Мариќ никогаш не зборувал во медиумите за своите врски, ниту за приватниот живот, но во една прилика изјавил дека годините не му се важни.
Милан и Миа досега не ги коментираа наводите за нивната врска, а последните месеци многу се пишуваше за љубовниот живот на славниот актер.
Пред Мија, Милан беше во врска со Јелена Павловиќ, поранешна директорка на угледна компанија, која е 17 години постара од него.
-Бев во врска со постара девојка, бев и со помлада, имав прекрасни врски, прекрасни врски со некои прекрасни луѓе. Во сите овие врски многу повеќе ме интересираа некои други работи освен разликата во години или слични ситници. Ако двајца луѓе се надополнуваат и сакаат да бидат еден со друг, кој е тој морален татко, која е општествената норма која ќе пропише дека тоа не е правилно? Но, зошто некој се грижи? Луѓето треба да се занимаваат со своите односи и да не навлегуваат во туѓи – изјави популарниот актер.