Кафе муабет
Ја имаше истата судбина како Данијела Мартиновиќ: Ова е момчето кое Хана го остави поради Грашо
Хана и Грашо ќе прават прва годишнина...
Петар Грашо и Хана Хуљиќ уште кога ја започнаа својата љубовна врска се главна тема во медиумите.
Тие наскоро ќе ја прослават првата годишнина од бракот во кој ја добија преслатката ќерка Алба, а се шпекулира дека на денот на годишнината парот ќе направи голема прослава по повод крштевањето на нивната наследничка.
Хана и Грашо неодамна покажаа дека во нивната заедница цветаат рози и дека апсолутно се е баш како што треба, кога се појавија рака под рака на доделувањето на MAC наградите.
Партнерите блескаа среќни, насмеани и позаљубени од било кога, но почетокот на оваа врска го одбележаа шпекулациите дека една личност останала со скршено срце поради љубовта, а тоа е пејачката Данијела Мартиновиќ.
Раскинувањето на дводецениската емотивна врска на Петар со пејачот ја шокираше тогашната јавност, а неодамна се дозна дека слична епизода имала и неговата сегашна сопруга, која го оставила поранешното момче исто како Грашо ја остави Данијела.
Инаку Данијела минатата година за Денот на жената одржа голем концерт а во еден момент се расплака на сцената.
Нејзините солзи течеа додека ја пееше песната Jednu za ljubav, чиј текст во 2015 година го напиша Петар Грашо и со тоа покажаколку ја болела разделбата по повеќе од дваесет години заеднички живот со пејачот.
Но по се изгледа слична судбина имал и поранешниот на Хана. Имено, пред врската со Грашо, ќерката на Тончи била во осумгодишна врска со пијанистот Томислав Шошиќ, кого го држела подалеку од љубопитните очи на јавноста, па не се познати многу детали за нивната љубовна приказна, а во една прилика таа само кратко прокоментира дека таткото Тончи бил задоволен од нејзиниот избор.
Не се знае што точно била причината за крајот на нивната врска, дали Петар, кон кого таа имала симпатии уште од мали нозе или далечината ги разделила, бидејќи поранешното момче на Хана Хуљиќ студирало џез пијано во Естонија каде често го посетувала.
Иако Хана многу често го посетуваше, и споделуваше фотографии со него на социјалните мрежи, разликите беа очигледно непремостливи и дошло до, како што велат упатените, пријателски раскин, а поранешните партнери останале во пријателски односи, исто како што сега вели Петар за врската со Данијела Мартиновиќ.