Дом и семејство

ЅИРНЕТЕ ВО РАСКОШНИОТ ДОМ НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ: Пејачката покажа како го украсила замокот за Велигден- ваков луксуз нема ниту на филм

Ужива во декорирање на домот...

Познато е дека во домот на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ се слават два Велигдени, католички и православен.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Секако Драгана е позната по украсувањето на својот луксузен дворец па така и оваа година доби низа комплименти на сметка на домот во Виена.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Деновиве, пак, домот на Драгана Мирковиќ блеска со посебен сјај и во него владее посебна атмосфера, а дека покрај својот гламур, замокот зрачи со топлина и со искрена љубов, имавме можност да се увериме гледајќи ги фотографиите кои таа ги објави на Инстаграм по повод големиот празник.

Имено, пејачката ја отвори вратата од својот дом и покажа како го украсила замокот за празниците.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана својот дом го претвори во вистинска празнична магија, а сега покажа како ужива за Велигденските празници.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Целата трпезариска маса, изработена од најфини материјали, Драгана ја покри со украсни зајачици, бојадисани јајца и други украси.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

На масата имаше вазни со цвеќиња, кокошки и дрво со бели гранки на кои се обесени јајца во пастелни бои.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Среќен Велигден ! Среќен Велигден на сите кои слават, од се срце ви посакувам многу здравје и среќа – напиша Мирковиќ на социјалната мрежа Инстаграм, пишува Телграф.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Имено, познато е дека овој објект има посебно културно-историско значење.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Еден од најинтересните факти е дека овој замок често го посетувала Марија Тереза, која често престојувала таму кон крајот на 17 век и поради оваа причина пејачката не сакала целосно да го реновира, но дел од величествената вила Драгана и нејзиниот сопруг решиле да го реконструираат со помош на експерти и да го прилагодат на нивните потреби.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Бидејќи инсистираат на автентичност, архитектонските детали што го красеа домот на Драгана Мирковиќ, поточно замокот, ги оставија уште пред реновирањето, како што се големите прозорци со делот за седење.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Внатрешноста на замокот ја дизајнираа Драгана и Тони заедно, акцентот е ставен на бели и беж тонови кои на ентериерот му даваат префинета нота, а посебно внимание привлекуваат античките мотиви, уникатните предмети и парчиња мебел како и лустерите украсени со Сваровски кристали.

фото принтскрин
фото Hello.rs
фото принтскрин

Замокот има сала за бал, каде пејачката и нејзиното семејство организираат семејни прослави, а се работи и на музеј во рамките на имотот, кој наскоро ќе биде отворен за посетители.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Замокот има и посебна просторија во која се наоѓаат сите награди кои пејачката ги освоила во текот на кариерата, како и подароците кои ги добивала од обожавателите.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Реновираниот дом на Драгана Мирковиќ, во кој го најде својот мир, иако има посебно културно-историско значење, може да се каже дека е вистинска оаза на луксузот и здание од бајките што никого не остава рамнодушен.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close