Кафе муабет
Што се случува со неа: Една од најубавите водителки во регионот непрепознатлива- фановите шокирани од промената!
Фановите велат дека е остарена...
Популарната водителка на емисијата Практична жена, Наташа Павловиќ важи за една од најубавите жени во регионот, но овој пат со една фотографија особено ја зачуди јавноста и предизвика бројни коментари.
Многумина се запрашаа што се случи со нејзиниот изглед на фотографијата која се појави на социјалните мрежи.
Што се случи со оваа жена?“, напиша еден твитерџија на својот профил, по што почнаа да следат коментари за водителката.
„Ослабела“, „Остарела“, „Иритира со гласот, а сега и со изгледот“, „Изгледа малку исончано“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, водителката на емисијата „Практична жена“ Наташа Павловиќ во една прилика зборуваше за тоа како се однесува кога ќе види дека има некој килограм повеќе. Штом вагата покажува 60 килограми, тоа е знак дека мора да ги „стопи“ килограмите.
“Од кога пораснав се грижам за исхраната. Ако јадев колку што сакам и што сакам, сигурно ќе се здебелев премногу. Штом видам дека малку сум се здебелила, се обидував да се ослободам од тој вишок” во моите дваесетти години, кога бев модел. Тогаш постојано ми ја дупчеа лажицата и повеќе бев гладна отколку сита”, изјави таа неодамна за медиумите.
Водителката ужива во простран дом со своето семејство…
Домот на водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ и нејзиниот сопруг Предраг, пред се е уреден според потребите на нивните деца.
Собите на нејзините синови се сон на секое момче.
Додека постариот Олег спие во кревет во форма на формула, помладиот Јан е опкружен со неговите омилени играчки или подобро кажано оружје од сите можни форми, а има и неколку кадифени мечиња.
Добар дел од просторот е посветен на книги, и сликовници. Наташа, како и секоја посветена мајка, е максимално вклучена во обврските на својот ученик, единаесетгодишниот Олег, а неговиот помал брат се обидува да го имитира во се.
– Не сакам да одам во градинка, сакам да одам на училиште. Дајте ми тетратки – ги откри Наташа желбите на своето четиригодишно дете.
Наташа Павловиќ со задоволство ги споделува со своите следбеници на Инстаграм практичните совети кои ги собрала додека работела на популарната емисија која жените ја обожаваат. Кога и се расипал замрзнувачот, на сите им покажала не само како изгледа нејзината кујна, туку и што има во замрзнувачот, односно која од понудената храна може да се подготви веднаш за да не се расипе.
Инаку Наташа е во среќен брак со продуцентот Предраг а во неколку наврати истакна дека разбирањето е клучно за хармоничен брак.