Кафе муабет
Шпанецот Гурбиндо кој стана МАКЕДОНСКИ ЗЕТ сега стана и ТАТКО: Сподели преслатки фотографии од сопругата и синчето- Елена изгледа прекрасно!
Те чекавме долго мал "ѓаволу", напиша ракометарот на својот Инстаграм профил и се пофали дека станал татко...
33-годишниот Едуардо Гурбиндо десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, кој е новиот играч на ракометниот клуб Вардар соопшти убава вест.
Имено тој и неговата девојка, македонката Елена Милева која му го освои срцето станаа родители.
Те чекавме долго мал “ѓаволу”, напиша ракометарот на својот Инстаграм профил и се пофали дека станал татко.
Фотографии од бебето сподели и Елена, која може да се забележи дека изгледа одлично по породувањето.
Инаку ракометарот го доби прекарот македонски зет, бидејќи стапи во брак со преубавата Елена Милева од Свети Николе, а нивната љубов започнала сосема спонтано.
Парот откри дека се запознале преку интернет, односно Инстаграм. Прво започнале обичен флерт на социјалните мрежи, а преминало во голема љубов.
Елена Милева потекнува од Свети Николе, родното место на нашиот Кирил Лазаров со кого Гурбиндо игра заедно во францускиот клуб Нант. Јавноста мислење дека токму Кире е „виновникот“ за нивното запознавање, но парот го негираше тоа.
Но, сепак тие се многу добри пријатели и Елена и сопругата на Кире често се дружат, пијат кафе и чај заедно.
Иако Елена имала активен живот во Македонија, добра работа, социјален живот, никогаш не помислувала да си замине од земјава. Но, љубовта нема граници и таа одлучила да го следи сопругот секаде каде и да оди.
Кај Едуардо најмногу ја привлекло тоа што тој е едноставна, забавна и опуштена личност, а вели дека покрај него се чувствува удобно и своја.
Иако сметала дека промената на местото на живеење нема да ѝ претставува проблем, сепак се докажало спротивното.
Почнал да ѝ недостига целиот живот во Македонија и токму затоа сега е пресреќна што ќе има можност да живее во својата земја, затоа што нејзиниот сопруг ќе игра за Вардар.
Елена е права македонска домаќинка и на својот сопруг му готви традиционални македонски јадења.
Вели дека тој најмногу сака сарми и пастрмајлија.
Елена и Еудардо се доста активни на социјалните мрежи и споделуваат нивни фотографии, на кои може да се забележи дека се многу заљубени и среќни…