Кафе муабет

Цеца денес слави роденден: Се е спремно за гала прославата во вилата во Дедиње, доби честитки од цела естрада- еве колку години полни?

Реши да го прослави роденденот дома...

Пејачката Цеца Ражнатовиќ денеска полни 49 години, а во оваа прилика доби многу честитки кои ги сподели на својот Инстаграм.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Нејзината пријателка и модна дизајнерка Маријана Матеус беше една од првите кои и посакаа убави желби на Цеца.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

– Драга моја, сакам да се смееме, да се радуваме, да сакаме и да бидеме сакани уште многу години… Да уживаме во секој ден, час и минута од овој прекраток живот кој нема реприза… Уживај во твојот ден, од дното на моето срце и ти посакувам се најдобро – напиша Маријана.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Освен Маријана, на Цеца и честитаа и нејзината кума Вики Миљковиќ, пејачката Александра Младеновиќ, Надица Адемов која објави заеднички фотографии со фолк дивата и многу други.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Инаку, Цеца одлучи да го прослави роденденот меѓу најблиските, па нема дилема дека веќе слави во вилата на Дедиње.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

На социјалните мрежи се појавија бројни честитки и на фан-страниците, а се појави и видео од настапот на Цеца на кое таа на денот на нејзиниот 24-ти роденден ја изведува песната „Маскарада“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @retro_hitovi

Пејачката тогаш немаше естетски корекции и операции, а многумина коментираат дека била исклучително убава и тогаш и сега.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Во текот на кариерата таа многу работеше на физичкиот изглед, а повеќе од очигледно е дека ги „средувала“ градите, устата, забите, но и многу експериментирала со косата.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Малкумина можат да се сетат како таа изгледала на почетокот без силикони.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Да, Цеца и Анастасија Ражнатовиќ во саботата на 11 јуни го одржаа првиот заеднички настап, а откако им стивнаа впечатоците разговараа за многу приватни теми и бизнис планови.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Цеца прво зборуваше за децата, а потоа се врати на деновите на воспитување, па рече дека ги научила дека Вељко и Анастасија не треба да бидат Цеца и Аркан. Таа потоа ја спомена Драгана Мирковиќ со која не е во добри односи, признавајќи дека Драгана била голема ѕвезда на музичката сцена кога се појавила, па го спореди денешниот пат на Анастасија.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Секогаш му велев на Вељко дека никогаш не смееме да дозволи да го споредуваат со неговиот татко. Му реков:

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Колку што знам тој е Жељко, а ти си Вељко“. Истото важеше и за Таша. Јас сум Цеца, а таа Анастасија. Не и е комплимент кога велат: „Оваа мала е иста Цеца“. Секој си има свој пат, една Цеца веќе постои, друга нема потреба – смета Ражнатовиќ.

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа откри дека децата ја критикуваат, па раскажала дел од нивните семејни навики, и како реагираат кога не се јавува на телефон.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Да отпатував на Фиџи и да немам телефон, Вељко и Анастасија ќе ме најдеа. Таша ќе ми речеше: „Жено, што не ми одговараш, а ?“, а Вељко: „Светлана, навистина не е во ред да ме игнорираш“. Жал ми е што не можам повеќе да патувам, бидејќи имам многу обврски. И да ви кажам право повеќе ми се гади од авиони и хотели. Сакам домашна атмосфера – истакнува пејачката.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Таа додава дека нејзината ќерка применува многу од советите кои и ги дала.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Се што и зборував очигледно вроди со плод бидејќи ќерка ми не сака ние две да снимаме дует. Се надевам дека некако ќе ја убедам да ги вкрстиме гласовите. Потполно разбирам зошто е против тој дует, бидејќи секој би не споредувал. Кога ја започнав кариерата, најголеми ѕвезди беа Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ, но никогаш не сакав да бидам една од нив. Се трудев да бидам и да останам само своја – тврди Цеца за Информер.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Анастасија Ражнатовиќ вели дека животна желба и е да направи голем концерт и да ја покани Цеца да биде специјална гостинка.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Би сакала да направам концерт, на кој ќе ми гостува мајка ми. Тоа би ми било чест. Но, полека, јас не сум некој што брза и гази по лешови за да постигне цели. Допрва треба да работам на себе и на кариерата, а ми треба уште многу искуство за да снимам дует со ѕвезда како мајка ми – изјави Анастасија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Цеца верува дека нејзината наследничка ќе направи добра кариера и како неа еден ден ќе запее пред полната „Маракана“ или Ушче.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Тоа би била мојата животна награда. Секој родител сака неговото дете да го надмине. Кога ќе закаже голем концерт, сето тоа ќе го организирам и ќе и помогнам колку што можам, рече пејачката.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close