Кафе муабет
Убави вести од домот на Ѓоковиќ: Новата снаа на Ноле откри дали е бремена!
Водителката и Ѓорѓе планраат да купат кученце...
Неодамна во јавноста се дозна за емотивната врска на Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов која трае веќе една година.
Како што шпекулираат домашните медиуми, двајцата живеат заедно веќе извесно време и ништо не може да им ја наруши љубовната идила.
Бидејќи целото семејство Ѓоковиќ ја запозна избраничката на Ѓорѓе, многумина се прашуваа дали наскоро ќе ја официјализираат врската. Но, и двајцата молчат за тоа, а по шпекулациите дека во нивниот дом ќе дојде уште еден член, Сашка реши да зборува за бременоста и да разјасни за што се работи.
Имено, Ѓорѓе и неговата нова девојка планираат да купат куче, па тоа ќе биде нов член на нивното семејство.
Атрактивната манекенка и водителка веќе има едно домашно милениче, папагал, а кучето ќе им биде верен пријател, со оглед на тоа што го посакуваат долго време.
– Не сум бремена, планираме да купиме куче – заклучи Сашка.
Инаку пред извесно време парот беше наодмор во Марбела, а атрактивната водителката со своите следбеници на Инстаграм сподели слики на кои позира со своето момче, а друштво им правеше неговиот брат Марко.
Ѓорѓе и Сашка до сега ја држеа врската подалеку од очите на јавноста.
Братот на Новак и неговата девојка се запознале преку заеднички пријатели и живеат заедно веќе три месеци, во луксузна населба во Белград.
Сашка, која работи како водителка на спортска телевизија, ја запозна пошироката јавност во 2017 година кога беше избрана за прва придружничка на натпреварот за Мис Ју.
Таа е многу активна на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 20.000 луѓе, а секојдневно објавува свои фотографии, а следбениците ја опсипуваат со бројни комплименти.
Инаку точно две години не се знаеше ништо за емотивниот живот на најмладиот од тројцата браќа Ѓоковиќ.
Откако стави точка на четиригодишната врска, се беше интересно, но никој не успеа да открие дали некоја нова убавица го освоила неговото срце.
Но сега јасно е како Сашка успеала да го освои најмладиот Ѓоковиќ. Судејќи по физичкиот изглед не е ни чудно што Ѓорѓе паднал на неа.