Кафе муабет
Турските актери кои ја освоија македонската публика никогаш посреќни: Неџла сподели убави вести!
Актерите заљубени како првиот ден...
Фахрие Евџен и Бурак Озчивит важат за едни од најубавите актерски парови во Турција, а додека тамошните медиуми ги разведуваа со месеци, се чини дека тие никогаш не биле посреќни.
Семејството Озчивит не само што никогаш не било посреќно, туку сега имаше и посебен повод за тоа.
Бурак Озчивит и Фахрие Евџен изгледаат позаљубено од кога било.
Парот сподели низа исти заеднички фотографии на кои се среќни и насмеани, а убавата Фахрие во описот на објавата му го честиташе роденденот на својот сакан.
„Среќен роденден на мојата љубов“, напиша таа, а Бурак одговори: „Ти благодарам драга, секогаш сме заедно“.
Под објавата имаше бројни честитки и убави желби, но и комплименти за оваа двојка.
Шармантниот актер и убавата Фахрие летово ја прославија четвртата годишнина од бракот. Иако претходно не се осврнаа на озборувањата, особено на оние за разводот, овој пат решија докажат дека не се вистинити. А дека нема причина за грижа ни потврдува идиличната фотографија.
Парот го има синот Каран кој летово наполни две години.
Каран се роди на 14 април 2019 година, и секоја негова фотографија ги радува обожавателите на познатите родители.
Турскиот актер со нетрпение чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи на својот нероден син уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.
Таа во една прилика зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.
„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.
„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.
„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.
„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу. Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен.