Кафе муабет

Турбулентниот брак на миленикот на жените: Сопругата му приреди многу непријатности- овие детали не ги знаевте за најубавиот турски пар

Се скарале поради неговата мајка...

Актерот Бурак Озџивит (37) ги полуде жените ширум светот со улогата Бали-бег во популарната серија „Сулејман Величествениот“.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Неговото срце го освои Фахрије Евџен популарната турска актерка која нашата јавност ја запозна по улогата на Неџла во серијата Кога лисјата паѓаат.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Сепак, додека згодниот Бурак стануваше се поуспешен во актерството, проблемите во љубовта само се редеа.

фото инстаграм/Бурак

Сè изгледаше идилично, кога во 2017 година, слики од свадбата на убава двојка го обиколија светот.

фото архива

Сепак, се покажа дека тие двајца често се карале, а нивната врска била на климави нозе за време на пандемијата на корона.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Се пишуваше дека актерката и нејзиниот син боледуваат од Ковид и цело време биле дома и дека тогаш Фахрије нон-стоп се расправала со Бурак. Се шпекулираше дека во еден момент дури и го кренала гласот на свекрвата.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Тогаш реагирал Бурак. Ја бранел мајка си и застанал на нејзина страна.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Поради ова Фахрије наводно решила да ја напушти нивната луксузна вила.

И двајцата сето тоа го негираа со споделување на фотографија на Инстаграм.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Исто така, пред неколку години актерката падна во депресија по смртта на нејзиниот татко, кој долго време се бореше со ракот на желудникот.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Бали-бег сакал да и помогне на сопругата и се грижел за неговиот син, но таа не го послушала неговиот предлог да посети психолог.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Покрај тоа, излегува дека најголемиот проблем на овој пар е воспитувањето на нивниот син.
Се зборуваше дека двајцата немаат ист став за воспитувањето на детето, поради што често се во конфликт.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Во една прилика, додека биле на одмор во една вила во Бодрум, двајцата толку се скарале што нивната караница ја слушнале и соседите кои интервенирале да ги помират.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

После тоа турските папараци ги снимија како ручаат – сосема мирно.

Упатените тврдат дека Бурак често е на работ на трпението и дека, иако ја сака својата сопруга, често нема сила да се бори со нејзините напади на лошо расположение.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

За работите да бидат поинтересни, имаше и гласини дека Бурак е хомосексуалец и дека ја крие вистината бидејќи таа вест ќе му ја уништи кариерата, а некои турски медиуми објавија дека неговата поранешна девојка го нашла во кревет со маж.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

И додека приказните за нивното раскинување се уште се шират, сега од нив пристигнуваат вести дека Фахрије е повторно бремена.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Преку нејзините објави и новите фотографии најлесно може да се заклучи како напредува бременоста на Фахрије Евџен, која веќе има еден син со Бурак Озџивит, а сега сите во познатото турско семејство со нетрпение го очекуваат второто дете.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Сопругата на Бали Бег неодамна по долго време со своите следбеници на социјалните мрежи ги сподели своите нови фотографии на кои се гледа целата фигура на актерката, па можевме да го видиме и нејзиниот труднички стомак. Ова е и прва серија на фотографии кои ги сподели Фахрије по објавата дека е бремена со второ дете.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Веста дека сопругата на Бали Бег повторно е во блажена состојба стигна на почетокот на јули, а избраничката на Бурак сега е веќе во петтиот месец од бременоста, па доаѓањето на бебето се очекува на почетокот на следната година.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Нејзиниот стомак, поприлично е голем. Познатиот брачен пар веќе го има синот Каран, кој го добија пред три години, а веста за своето второ дете ја дочекаа по петгодишнината од бракот.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close