Дом и семејство
ТРОГАТЕЛНА ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА: Дојдов да купам чудо за мојот болен брат!- девојче бара лек за своето братче, на крајот се случи нешто неочекувано!
Оваа приказна за осумгодишното девојче кое бара чудо за своето братче ќе ве расплаче
Оваа вистинска приказна која се работи за болно братче и сестричка која бара лек, наречен чудо за да го спаси, буквално ќе ви го скрши срцето.
Имено познатиот американски неврохирург Карлтон Армстронг, кој и самиот присуствувал на оваа трогателна сцена, ја раскажал оваа вистинска приказна на своите блиски пријатели, а тие тоа го пријавиле во медиумите, пренесува Truthorfiction.com.
Едно осумгодишно девојче трага по лек за својот брат кој боледува од тумоr на мозокот. Имено малото девојче случајно слушнало што разговараат нејзините родители, кои велеле дека немаат пари за операција на Андрија, момчето кое боледува од тешката болест.
Сестричката несвесно тргнала да го бара лекот, незнаејќи дека детската искреност и вистинска љубов и грижа може навистина да чинат многу и да го стопат и најтврдото срце.
Се упатила во аптека каде долго чекала на ред, а потоа кога дошол нејзиниот ред, таа се обратила на фармацевтот, барајќи лек чудо.
– Што ти треба, душо?
– Дојдов да купам чудо.Тоа е за мојот брат, господине, тој е многу болен.
„Не те разбрав најдобро“, рече аптекарот.
– Неговото име е Ендру. На главата му расте нешто, ги слушнав мама и тато како разговараат, тој вели дека само чудо може да го спаси.Јас многу го сакам мојот брат, па ги донесов сите пари што треба за да го купам тој чудесен лек.
Фармацевтот тажно се насмевна и одговори: Но, ние не продаваме чуда.
– Ако нема доволно пари, сè уште можам да погледнам кој е тој лек и колку чини тоа чудо? – праша девојчето, не губејќи ја надежта.
Тој веќе не можеше да слуша, па Армстронг интервенираше.
– Зошто плачеш, душо? Што се случи?
– Фармацевтот не сака да ми го продаде Чудото и не сака да ми каже колку чини. Ова е за мојот брат Андрија, кој е многу болен. Мама вели дека мора итно да се оперира, а тато вели дека не можеме да платиме за тоа и дека само Чудо може да спаси Андрија.Затоа донесов сè што имав – објасни тажното девојче.
– Колку имаш?- праша Амстронг со насмевка.- Еден долар и единаесет центи, но можам да најдам уште, рекло девојчето.
– Мислам дека нема да биде потребно. Чудо за твоето братче чини точно еден долар и единаесет центи – ја увери докторот и ја превзема ситуацијата во свои раце.
Тој го замоли девојчето да му покаже каде живеат, да го однесе до нејзиниот дом за да го види нејзиниот брат и да разговара со тато и мама. За неколку недели Амстронг го оперираше малиот Андрија, кој полека се опорави.