Дом и семејство

Тој е најбогатиот човек на светот, има 9 деца и строги правила: Еве што мора да прават децата на Илон Маск, ова многумина го осудуваат!

Додека се мали воопшто не се грижи за воспитувањето...

Илон Маск е најбогатиот човек на светот, а освен за неговото богатство често се зборува и за неговите строги родителски правила, кои секогаш ги следи без исклучот.

фото инстаграм/Илон Маск

Секако тешко е да се биде дете на познати родители, но според правилата за родителство кои ги следи Илон Маск особено е тешко да се биде негово дете.

фото инстаграм/Илон Маск

Основачот на „Tesla“ и „SpaceX“ отсекогаш имал способност да успее во она што го работи.

Тој е секогаш посебен а тоа важи и за неговиот родителски стил.

фото инстаграм/Илон Маск

Маск е татко на девет деца: близнаците Грифин и Ксавиер (18) и тројката Каи, Саксон и Демијан (16) кои ги има со поранешната сопруга Џастин, а парот го загуби и првиот син Невада Александар на само 10 недели во 2002 година.  Со својата поранешна девојка, Грејмс го има синот Екс, кој на 4 мај ќе наполни две години, и ќерката Екса Дарк Сидерел, која е родена во декември 2021 година а во ноември истата година во тајност доби дете и со директорката која ја води неговата компанија „Neuralink“.

фото инстаграм/Илон Маск

Сепак, да се биде дете на еден од најпознатите и најбогатите луѓе во светот доаѓа со свои правила и очекувања, од кои многу доаѓаат од самиот Маск.

На пример интересно е тоа што децата на Маск посетуваат училиште што тој го основал. Во согласност со неговите ставови за традиционалното образование, Маск основал сопствено училиште во кое учениците се учат онака како што тој верува дека треба да бидат сите деца, и таму ги запишал и своите.

фото инстаграм/Илон Маск

Погледот на Маск кон образованието е многу неконвенционален. За време на интервју во живо минатата година, Маск рече дека верува оти неговите деца научиле повеќе од Интернет од било кое друго место.

фото инстаграм/Илон Маск

„Па, моето набљудување е дека моите деца главно се образуваа од YouTube и Reddit. Претпоставувам дека дел од знаењето го добија од часовите, но судејќи според времето што го поминаа на интернет, се чинеше дека поголемиот дел од нивното образование всушност доаѓа од Интернет. “, рече Маск.

фото инстаграм/Илон Маск

Забележал дека колеџот е куп „досадни домашни задачи“ и главно не бара од неговите вработени во Тесла да имаат диплома.

фото инстаграм/Илон Маск

„Мислам дека колеџите се во основа за забава и за да докажете дека можете да ја завршите домашната задача, но тие не се за учење“, рече Маск на Сателитската конференција во 2020 година.

Иако Маск вели дека нема да инсистира на ништо додека децата не пораснат, Грејмс во 2022 година откри дека можеби го прекршил ова правило за нивниот син.

фото инстаграм/Илон Маск

Пејачката вели дека нејзиниот поранешен има големи очекувања од нивниот мал син, па веројатно можеме да очекуваме да видиме многу од него.

Додека Маск отсекогаш ги држел своите постари деца подалеку од центарот на вниманието, во последните години многу го гледавме неговиот син.

фото инстаграм/Илон Маск

Во продолжение прочитајте ги деветте строги правила што ги следат децата на најбогатиот човек на светот:

Синот на Илон Маск не смее да ја нарекува  Грејмс „мама“ а таа вели дека на неа тоа не и пречи.

фото инстаграм/Илон Маск

Наместо тоа, Екс ја нарекува Грејмс со нејзиното име, Клер.

фото инстаграм/Илон Маск

-Илон Маск смета дека неговите деца треба да читаат почесто отколку што играат видео игри.

-Исто така смета дека неговите деца треба да се соочат со тешкотии во животот за да станат успешни.

фото инстаграм/Илон Маск

-Децата на Маск многу се грижат за своето здравје.

-Посетуваат училиште што тој го основал

фото инстаграм/Илон Маск

-Тој не игра активна улога во животот на своите деца кога се мали.

фото инстаграм/Илон Маск

Милијардерот и самиот во 2020 година откри дека не игра голема улога во воспитувањето на своите деца кога тие се бебиња.

фото инстаграм/Илон Маск

„Неможам многу да направам во моментов. Грејмс има многу поголема улога од мене во моментов. Кога детето ќе порасне, тоа ќе биде повеќе за мене. Мислам дека само го правам она што го правев со моите други деца“, изјави Маск за Њујорк Тајмс.

фото инстаграм/Илон Маск

Со оглед на тоа што нивниот татко има премногу обврски а тоа вклучува и многу деловни состаноци тие мора да бидат подготвени да патуваат многу.

фото инстаграм/Илон Маск

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close