Кафе муабет

Тешко е да се збогуваш од најмилото: Најболниот ден на Луна Ѓогани- очајна прозборе за загубата која и го промени животот

Го загуби второто бебе...

Фановите на Луна Џогани беа пресреќни кога таа и нејзиниот сопруг Марко соопштија дека го очекуваат второто дете.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

Но за жал нивната среќа не траеше долго, па во ноември Луна соопшти дека го загуби бебето во 12-та недела од бременоста, а сега проговори за тој голем удар и тежок период.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Научивме дека се во животот се случува со причина, така требаше да биде, не треба да паднеш во депресија, треба да погледнеш околу себе и да видиш што е добро што веќе го имаш и фала богу имам многу добро околу мене и тоа ме натера да си речам: „Добро, да продолжиме понатаму, ќе се случи, ќе се случи пак“. Тие тешки моменти се тука само за да те направат посилен за некои убави нешта – изјави таа во шоуто Премиер викенд специјал.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ја започнаа својата романса пред камерите на реалното шоу „Задруга“, а по заминувањето го продолжија заедничкиот живот.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Двојката се венча во мај минатата година, а еден месец подоцна ја добија ќерката Миа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

Поранешната реалити ѕвезда тешко ја поднесе загубата на своето бебе и со оглед на тоа дека никогаш досега не била во ваква ситуација, советите на психологот многу и помогнале.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

Луна решила по совет од нејзина блиска пријателка да се јави кај стручно лице и така успеа да го преброди тешкиот период.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Спонтаниот абортус е болна состојба за секоја жена, без разлика дали веќе има дете или не. Ова за жал често се случува, а Луна почувствува голема тага. За да се вратат емоциите во нормала, обично е потребно повеќе време отколку што е потребно за физичко заздравување на раната, затоа и семејството на Луна е со неа, но и таа не го одбила советувањето од психолог – изјави за српски Курир нејзин близок пријател.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна соопшти како се чувствува по загубата.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да разговараме, нека помине малку. Така требаше да биде, помина некој вирус низ мене, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира – истакна таа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close