Кафе муабет

Татко ми е алфа мажјак, се шокираше кога му кажав дека ќе го сменам полот: Искрена исповед на трансродовата натпреварувачка од Гранд- еве кога сфатила дека сака да биде жена

Родена е како маж...

Јавноста ја запозна 29- годишната Алина Јухарт од Словенија во минатотото издание на „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Трансродовата натпреварувачка истакна дека никогаш не ги симнува чевлите и фустаните од кои е воодушевена и посочува дека понекогаш заборава дека била маж а сега открива како реагирале нејзините најблиски кога им кажала дека сака да го смени полот.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Оваа пејачка е родена како маж, Алино Јухарт во Марибор, но уште како дете сфатила дека всушност е жена. Алина во саботата се појави во најпопуларното музичко натпреварување и веднаш го привлече вниманието на гледачите и членовите на жирито.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Кога жените доаѓаат дома, прво ги соблекуваат чевлите, но јас не. Чистам, мијам садови, пеам, танцувам со нив. Уште пред десет години носев фустани по дома, но дури пред четири години излегов на улица во фустан во Сплит. Тогаш процветав и оттогаш не ги симнав. Не ме интересираат панталони! – изјавила Словенката.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Трансродовата пејачка уште од детството знаела дека е женско, иако е родена како маж.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Се запознав себеси кога бев девојче, но тоа е процес кој трае. Тоа не е лесен живот. Ми се случува да одам по улица, луѓето да ме погледнат и да видат женска личност, а потоа се чудат кога ќе слушнат машки глас. Тогаш морам да им објаснам зошто е тоа така. Понекогаш заборавам дека сум поинаква и дека сум родена како маж, затоа што се чувствувам женствено.

фото инстаграм/Алина Јухарт

На учесничката на „Ѕвездите на Гранд“ не и било лесно кога на семејството му го соопштила својот родов идентитет.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Мајка ми почина кога имав пет години. Останав со брат ми и татко ми. Тие се алфа мажјаци, вистински мажи и се шокираа кога им кажав. Секако, прифатија, бидејќи многу ме сакаат – изјавила Алина и додала дека не направила никаква пластична операција:

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Немам ништо вештачко на себе, сакам да бидам природна. Јас дури и не ја фарбам косата.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Алина која по потекло е од Словенија, од февруари живее во Белград, и како што самата изјави во шоуто, дошла бидејќи смета дека Србија, но и целиот регион мора да запознае жена како неа.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Таа во саботата се појави во популарното шоу и со својот вокал, но и специфичен изглед им го привлече вниманието на сите, а пред членовите на жирито и публиката се претстави со песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Те лажат“ од „Амадеус бенд“.

фото инстаграм/Алина Јухарт

По настапот таа доби шест гласа, а со тоа и можност да го избере менторот, така што се одлучи за Марија Шерифовиќ.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Но популарната пејачка ги „шокираше“ сите кога ја одби, а како образложение наведе дека е некој што со своите кандидати работи брзо, грубо и нервозно, сметајќи дека за неа треба некој што е нежен.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Алина тогаш доби прилика повторно да избира, по што ја избра Цеца Ражнатовиќ кој со радост ја прифати во својот тим.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Бидејќи таа не знае да ги негува тие нежни чувства во менторството, јас знам и во менторството и во приватниот живот“, порача Цеца.

фото инстаграм/Алина Јухарт

„Јас сум само една нормална личност која има желба да сака, да биде сакана и да биде среќна како и сите ние. Сакам да инспирирам секого да го живее својот живот и својата животна вистина. И ве обожавам сите вас, не можам да поверувам дека сум тука“, истакна Алина.

фото инстаграм/Алина Јухарт

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close