Кафе муабет
Сопругот на Карлеуша ја заврши кариерата и сега е „пензионер“: Еве што работи Тошиќ- заработува милиони
Стана фудбалски менаџер...
Душко Тошиќ, сопругот на поп ѕвездата Јелена Карлеуша, неодамна престана професионално да се занимава со фудбал и стави крај на кариерата, па сега заработува на друг начин.
Тошиќ кариерата ја заврши во Турција, иако сакаше тоа да биде во Црвена звезда, како што изјави, сепак судбината сакала да биде поинаку, па уште пред крајот на професионалната кариера започна уште еден „бизнис“.
Сопругот на Карлеуша веќе неколку месеци е фудбалски менаџер и заработува од процентот на трансфери, односно продажба на играчи.
Иако ја промени „професијата“, Тошиќ не е стациониран во Србија, но сега има повеќе време да поминува со семејството, а често патува и преговара со потенцијалните клубови на своите играчи.
Платата на фудбалските менаџери варира, а како што Душко се покажа успешен и веќе имаше голем трансфер, пари не му недостасуваат.
Овој пат станува збор за фудбалер Миралем Пјаниќ, поранешна ѕвезда на Барселона и Јувентус, кого Тошиќ го доведе во Бешикташ.
Фудбалските менаџери имаат „свои“ играчи, за кои од сезона во сезона преговараат со клубовите и им ја обезбедуваат најдобрата деловна можност, односно клубот во кој ќе ја продолжат кариерата.
Од вкупната сума на продажба на играчи, која зависи од побарувачката и успехот на фудбалерите, дел од парите одат кај менаџерот, а како што велат добро упатените, од еден трансфер може да заработи од неколку десетици до стотици илјади, а можеби дури и милиони евра.
– Секој почеток е тежок, како и во менаџерската работа. Влегов во костум без официјално да ја завршам кариерата. Еве како се случи. Имав неколку понуди летово, но го чекав Бешикташ. Сакав да ја завршам кариерата во само два клуба – или во Црвена звезда или во Бешикташ – изјави претходно Тошиќ и додаде:
– Во Турција е намален бројот на странци и чекав да се зголеми квотата. Седам во Истанбул со тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин и чекам да се отвори место за странец. И тој ме прашува за играч од средниот ред.
– Веднаш ми текна на Пјаниќ, стапувам во контакт со неговиот агент Нермин Џенгис и го завршивме трансферот буквално за неколку минути.
Тренерот Јалчин не можеше да поверува дека го доби играчот на Барселона. Беше зачуден – изјави претходно Тошиќ.