Кафе муабет
Сопругот на водителката од Практична жена има бурно минато: Имаше многу жени, но тоа не ми пречеше- Наташа открива како тој ја научил лекцијата!
Водителката долги години е во хармоничен брак...
Наташа Павловиќ, водителката на познатата емисија „Практична жена“, е во среќен брак со продуцентот Предраг Павловиќ, за кого зборуваше повеќе пати во јавноста.
Таа истакна дека разбирањето е клучно за хармоничен брак, а во едно интервју се осврна и на неговото минато.
– Кога еден млад човек ќе се заљуби, тој веднаш сака свадба и деца, бидејќи смета дека таа љубов ќе трае вечно. Сепак, за двајцата е важно да проживеат многу работи, за бракот подоцна да биде похармоничен и да не „полудат“ во педесеттите години – истакна таа еднаш за „Стори“, додавајќи дека сакала да знае што точно тој преживеал пред неа.
– Го испитав детално, па кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и направил се што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – супер. Не дека не ми пречеше што има толку многу жени во неговиот живот, но ми беше мило затоа што знаев дека ќе може да ме цени повеќе. Мислев дека научил што сака и што не сака, исто како мене – додаде Наташа, заклучувајќи ја приказната со зборовите:
– Му ја раскажав целата своја историја, само моето минато не беше бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам и врз основа на моето и искуството на моите пријатели. На триесет години, вие сте зрел човек, но сигурно не бевте зрели и пред тоа. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чисто коцкање. Секој ден му заблагодарувам на Бога што чекав и што ништо не направив набрзина.
Инаку Наташа важи за една од најатрактивните водителки во регионот. Често пати добива комплименти поради својот природен изглед, нејзината харизма и насмевка. Таа е вистинска жена, комбинација од убава, паметна, згодна, атрактивна, успешна во својата кариера, добра сопруга и мајка.
Во продолжение уште неколку фотки од омилената водителка во регионот….