Новости
Сопругата на Вело Марковски никого не остави рамнодушен во ова издание
Атрактивната мама со своето тeлo повторно мами воздишки на Инстаграм
Шармантната Евгенија Марковска на самиот почеток од оваа година стана мајка по втор пат кога ја роди својата ќерка.
Поранешната манекенка уште од тогаш објавува фотографии на социјалните мрежи со кои никого не остава рамнодушен.
Евгенија изгледа неверојатно и не престанува да добива позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Без разлика дали позира во елегантно издание или во некоја опуштена варијанта, таа со својот шарм ги маѓепсува сите.
Евгенија на Инстаграм често објавува и приватни фотографии, но и такви на кои позира во топ модни комбинации.
Неодамна сподели и неколку изданија во костуми за капење и ги изненади сите со тоа како изгледа неколку месеци по породувањето.
Каква е Евгенија како мајка
Во едно интервју за Гламур магазин, Евгенија изјави дека целиот ден им го посветува на своите деца играјќи се со нив игри.
„Кај мене нема правила. Доколку ние јадеме, а детето не сака и тоа е во ред за мене. Треба да научи да си го слуша сопственото тело, па така може да јаде покасно. Би рекла дека сум мајка која секогаш е и ќе биде подготвена да ги ислуша своите деца и да им ја даде потребната поддршка“, ни изјави таа.
Таа ни откри и каков е нејзиниот сопруг Вело како татко, за кого изјави дека и помага секогаш кога нема работни обврски.
„Најдобриот татко! Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис“, изјави тогаш Евгенија.