Дом и семејство
“Сонот мој стана јаве, ти благодарам Господе”: Адријана Алачки со низа фотографии и емотивна порака го честиташе роденденот на ќерката Грациела
Таа е горда мајка на две деца...
Македонската водителка и фолк пејачка Адријана Алачки вчера по повод роденденот на нејзината ќерка Грациела сподели низа фотографии од својата ќерка и и посака најубави желби.
-Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци, на моето прво чедо.
15. март ..дојде на свет душата мајкина, белата самовила… немаше посреќна мајка од мене…сонот мој стана јаве..ти благодарам Господе…веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас” постои нејзиното височество ,, таа”..првиот плач, солза, чекор, збор…кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател..без интереси, без услови …. кога зборот и е алтан … умот како универзумот … душата како океаните..да може ćе да собере ..таа стана мојот идол… но кога се подготвува бура..таа умее да ги распне своите едра … и да му пркоси на ветрот и невремето …. е таква е мојата Граци ….среќа мајкина.
Сине да ти е среќен роденденот..да си ми здрава и жива..да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство… дај Боже и ти да си толку горда мајка.. како јас со тебе ..
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА, напиша Адријана Алачки на својот Фејсбук профил.
Да потсетиме, Адријана Алачки долги години беше во брак со хармоникашот Горан Алачки а плод на нивната љубов се ќерката Грациела и синот Благоја.
Горан и Адријана се разведоа по 25 години брак, а веќе секој од нив има свој живот и кариера, но со заеднички сили и понатаму се трудат да бидат голема поддршка на своите деца.