Кафе муабет
СО ГОДИНИ СЕ КРИЕШЕ ЗАД БРЕНА И САША ПОПОВИЌ Ова е вистинскиот сопственик и основач на “Гранд”
Боба Живојиновиќ го основал Гранд за само две недели...
Минатата година сите беа изненадени од веста дека Саша Поповиќ, Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ решиле да ја продадат продукцијата „Гранд“.
Оттогаш многу се шпекулира кој ја донел таа одлука и колку профитирале сите.
А бидејќи Брена и Сале постојано беа во фокусот поради нивниот бизнис ангажман во „Гранд“, продажбата беше означена како мудар потег на двајцата, а потоа на виделина излезе тајната на Боба Живојиновиќ, криена со години.
Тој откри дека никогаш немал потреба да се експонира во медиумите, и дека токму тој стои зад основањето на „Гранд“.
– Мислам дека постигнав доволно како тенисер, како сопруг, како родител и тоа ми е доволно. Кога се шегуваме на таа тема велиме, „сопругот на Лепа Брена“, кој стои зад тоа, стои Боба Живојиновиќ со име, презиме, финансии, образование, работа… и така е но, ние сме семејство. Моите пријатели знаат за што зборувам,немам никакви амбиции да се занимавам со јавна работа. Сè што правев го правев со интуиција и го направив со мои пари. Продукцијата „Гранд“ ја основав за две недели – рече тој.
Откако тајната на Боба Живојиновиќ излезе на виделина, тој откри дека двајцата веќе инвестираат во некои нови проекти:
– Имаме неколку многу сериозни проекти. Сериозни инвестиции правиме и на Златибор, инвестиција од речиси 50 милиони евра. Сега почнувам инвестиција и во Мајами – заклучи Боба по продажбата на „Гранд“, а како што беше речено, продукцијата е продадена за 30 милиони евра.
Како што се пишуваше во медиумите Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ, го продадале остатокот од 49 проценти од „Гранд продукција“ на „Јунајтед медиа“, кој веќе купи 51% од акциите во 2014 година.
Но, Саша продолжи да работи на постојаните емисии, само како креативен автор, продуцент и тоа за плата.
Минатата година Гранд продукција за прв пат се огласи околу хонорарите на членовите на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“, а прв пат ја открија и точната сума на хонорарот на Саша Поповиќ.
Тие во своето соопштение до јавноста истакнаа дека се навикнати на големото внимание што ги предизвикуваат хонорарите на членовите на жирито пред почетокот на секоја сезона, па така решија самите да ги откријат сумите.
Тие преку соопштението посочија дека Саша Поповиќ како креативен директор на Гранд зема хонорар од 2.000 евра месечно.