Кафе муабет

Карлеуша се сретна со девојката со која Душко ја изневеруваше- сите шокирани од овој потег на поп-дивата!

Тие се пријателки...

Јелена Карлеуша се сретна со една од најпознатите српски манекенки Софија Мило, жената со која беше поврзан Душко Тошиќ – поранешниот сопруг на пејачката.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша се пофали со луксузниот приватен авион со кој патувала од Белград до Будва на настап.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена за патувањето облече тиркизна тоалета со висок шлиц, а детаљот на нејзините гради привлече големо внимание. Тоа е голема ѕвезда што и ги покрива градите.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Пејачката се сретнала и со Софија Мило, девојката со која српските медиуми го поврзуваа нејзиниот наскоро поранешен сопруг Душко Тошиќ.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

Пејачката фотографијата ја сподели на својата приказна на Инстаграм.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена често носи креации од модниот бренд на Софија.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

За потсетување, пред неколку години Софија се најде среде скандал кога одредени медиуми тврдеа дека сопругот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, некое време се гледал со манекенката Софија Милошевиќ, поранешната девојка на неговиот колега Адем Љајиќ.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

Манекенката веднаш ги демантираше овие тврдења, меѓутоа медиумите објавија и снимен материјал што се појави на социјалните мрежи во кои Душко и Софија се забавуваат во еден познат ноќен клуб во Белград.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

Наводно Душко и Софија се сретнале и запознале во еден ресторан, и дека и подоцна продолжиле да се допишуваат и гледаат. По кратка афера тие се вратиле на своите должности, но останале во контакт и се договарале за нови средби. Душко го искористил зимскиот одмор, да се врати во Белград и повторно да се сретне со моделот.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

Нивниот таен состанок наскоро беше откриен и, наводно, пријателите на Карлеуша и кажале за нивната романса. Кога дознала Јелена полудела, а според медиумите тогаш му се заканувала со развод и дека нема никогаш да ги види нивните деца. Душко и признал сé и ја пребродиле кризата.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

Се шпекулираше и дека токму поради шемата на Тошиќ со Софија е главната причината поради која и тој и опрости на својата сопруга јавната измама со фудбалерот Огњен Врањеш.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Но кога медиумите почнаа да пишуваат на оваа тема, манекенката остро ги демантираше, а нејзината објава дури и Карлеуша ја сподели.

фото Инстаграм/Софија Милошевиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close