Новости
Следните два викенди се пресудни- Битолски професор преку статистика објасни како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот во земајва!
Само со почитување на
Дејан Трајковски од Битола е професор по механика. Тој на својот Фејсбук профил постојано објавува статистики и анализи во врска со пандемијата предизвикана од новиот вирус Ковид-19.
Имено Дејан постојано апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита бидејќи само така ќе се спасиме од вирусот.
Не може да не почитуваш превентивни мерки, а потоа да се жалиш што те заклучиле и ти пропаднала економијата. Е па не може да бидеш глуп и да се жалиш што си глуп, напиша тој.
На 20, ти овој месец Дејан на својот профил објави анализа во која открива каде е проблемот во прашањето на лажно болни (False Positive – FP) и лажно здрави (False Negative – FN) резултати од ПЦР тестирањата на ковид-19.
Дејан наведува дека станува збор за таканаречените грешки од тип I и II кај проблемот на тестирањето на статистичките хипотези во математичката статистика.
Жолтите полиња ги означуваат појдовните, познати или проценети податоци и параметри. Со „Тест +“ и „Тест -“ се означени бројките на позитивни и негативни тестови. Бројот на лажно болни (FP), што го намалува бројот на вистински болни, изнесува 2.330. Бројот на лажно здрави (FN), што го зголемува бројот на вистински болни изнесува 6.157. Многумина ќе бидат изненадени од високиот број на лажно здрави, но ова појава се должи на високата стапка на лажно негативни тестови (FNR=22,3%). Главна причина за овој вид на грешка не е самиот PCR тест (кој во идеални услови е многу точен), туку грешките во земањето на брис, како и премногу раното и премногу доцното земање брис (идеално е околу 7 дена од инфекцијата, односно штом се појават симптомите). Лажните здрави всушност се поголема опасност од лажните болни, бидејќи непречено го шират вирусот. Понатаму, со двојно тестирање во случај на негативен тест драстично се намалува оваа стапка (FNR), објаснува Дејан.
На овој дијаграм кој го објави професорот може да се види како што вели цената во човечки животи од 9 ти септември тогаш до денес, но според него тоа е само почеток, смртните случаи од вчерашните нови 641 случаи ќе ги видиме по две недели.
Тој за вчерашната бројка на нови случаи на ковид-19 вели дека, вирусот ја искористи приликата и даде одговор со нов рекорден број на новодијагностицирани и рекордна стапка на позитивни тестови.
На 20.09, седумдневниот просек на дневниот број на нови случаи беше 132,7, а вчера како што пресметува Дејан е 457,1.
Дејан вели дека за 4-5 дена ќе се видат ефектите од воведените благи рестриктивни мерки,
(затоа што во меѓувреме ќе продолжат да покажуваат симптоми тие што се инфицирале пред донесувањето на мерките), но после овој преоден рок дневните бројки во најдобар случај ќе останат на моменталното ниво, околу 400 до 600. Според него со овие мерки треба да се продолжи најмалку 2 до 3 викенди за да може да се намали бројот на заболени.
Во меѓувреме, мора да продолжи ноќното затворање на кафеаните и останатите собиралишта за забава. Ова е веќе испробано и докажано за Велигден, а во отсуство на дисциплина, друго решение нема. Епидемијата може да се сопре и само со апели и носење маски. Ама во Јужна Кореа и Јапонија, не и во Македонија, пишува Дејан.