Кафе муабет
Славната турска убавица која беше оставена и изневерена никогаш не била посреќна- објави неодоливи фотографии на кои буквално блеска од среќа!
Замина на одмор...
Џансу Дере е една од најпознатите турски актерки, поранешна манекенка и Мис на Турција.
Оваа убава турска актерка моментално ужива во својот одмор, а тоа го потврди со објавување на фотографии на својот Инстаграм профил каде секојдневно објавува содржини од својот живот.
Објавата на актерката од летниот одмор набрзо достигна стотици илјади лајкови, но и многу коментари од пријателите и следбениците на Инстаграм.
View this post on Instagram
Оваа позната актерка имавме можност да ја погледнеме во некои од најгледаните серии како Езел и Сила.
41- годишната актерка Џансу Дере несомнено беше најдобриот избор за улогата на Асја која и беше дадена во серијата „Неверство“, улогата на измамена жена која е подготвена на се за да открие која е љубовницата на нејзиниот сопруг.
Таа моментално е една од најпопуларните турски актерки. Оваа поранешна манекенка и несуден археолог исто како и во серијата на своја кожа осетила како е кога некој ќе те изневери, но сепак верува во вистинската љубов што ја добива од нејзините родители.
Секогаш кога им треба фатална жена за некоја улога, креаторите на турските серии немаат дилема – ако сакаат да привлечат милиони гледачи, изборот паѓа на една од најпопуларните и највлијателните актерки во Турција, 41-годишната Чансу Дере чие име значи „вода на животот“.
– Ја сакам глумата, но не и славата, бидејќи немам пет секунди мир на јавно место. Секој мој збор и секоја моја постапка се под лупа и е толку тешко да се живее. Но, кога ќе размислам, мала е цената која треба да се плати за сето добро што ми го носи актерството – вели оваа убавица.
На нејзината кариера не влијаеше скандалот во 2014 година, кога имаше проблеми со законот. Турската полиција ја сомничи дека соработувала со дилери на дрога и и се заканувала казна затвор. Во се бил вмешан нејзиниот колега од серијата „Езел“, Кенан Имирзалиоглу, кој бил осомничен за шверц на дрога, од кого наводно нелегално набавувала таблети против депресија. Кенан е уапсен затоа што продавал кокаин, екстази, марихуана и дрога на други актери. Џансу Дере била поврзана со него бидејќи секој ден се слушале на телефон. Нивните разговори биле кратки и во шифра, а биле на тајни локации. И додека Имирзалиоглу беше во притвор, Џансу одмараше во Мароко, каде што ја чекаше пресудата дали ќе оди во затвор, но за нејзина среќа тоа не се случи.
-Додека паузирав од актерството, патував, читав, гледав филмови, шетав, учев, пишував, цртав, бев мрзелива, спортував. Направив многу работи што не можам да ги правам кога работам. Со други зборови, живеев. Најдов време да се занимавам со различни работи. Со темпото на снимање на серијата, сето тоа не е можно. Освен тоа, тоа што сум и можев да бидам под радарот ми даде простор на слобода. Правев што сакав и кога сакав. Кога сè тече многу брзо, човек не може да најде време да расте, да учи. Ако не можете да истражувате некои други работи, ако не знаете да читате, ако не можете да патувате, тоа е како да не созревате. Ми се чини дека секогаш остануваш истиот човек со исти информации – вели Џансу, која по улогата во „Сила“ стана една од најплатените турски актерки. Но, глумата не отсекогаш била нејзиниот прв избор.
– Од мали нозе ме интересираше историјата и археологијата, како и литературата и историјата на уметноста, па решив да студирам археологија. Жал ми е што не дипломирав, особено поради родителите кои вложија толку многу љубов и внимание во мене. Беа очајни кога станав модел бидејќи според нив тоа е сосема бесмислена работа. И тие се апсолутно во право. Убавината сама по себе е преценета. Што е убаво лице ако крие празнина во душата и главата – изјавила Џансу, која на изборот во 2000 година ја освои и ласкавата титула Мис на Турција.
– Како малечка сакав да се занимавам со балет и да танцувам, но бев превисока, па решив да се посветам на манекенството. Бидејќи долго време сум во оваа работа, модата ми е здодевна, па денес воопшто не следам трендови. Најмногу носам фармерки и едноставни фустани – вели актерката која често истакнува колку сака да јаде и готви, а ја спасува, вели, затоа што подготвува многу зеленчук и не сака слатки. па никогаш не морала да држи диета.
Џансу, за жал, нема многу среќа кога станува збор за љубовниот живот.
Најмногу била разочарана во врската кога во 2009 година требала да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се заљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта. Тие двајца се венчаа и добија дете, но среќата не траеше ниту три години, а кога Џем подоцна се обиде да и се врати, тоа не и падна на памет.
– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Пријателите се мачеа околу мене, постојано ме вадеа надвор, се обидуваа да ме насмеат и развеселат, но јас тонев се подлабоко во депресија – изјавила тогаш актерката.
Но и по тоа неверство таа не ја загуби вербата во љубовта и започнала врска со тогашниот менаџер Џем Ајдин, но неговата љубовна афера со друга жена брзо одекна во медиумите.
– Ладна сум како мраз и така ќе останам. Некои работи не се за јавноста, само за мене. Не им се извинувам на родителите, ниту на другите. Лажењето е толку грда особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо излезе од мојот живот, толку подобро – рече тогаш таа, пакувајќи ги куферите и сама отпатува на Малдиви.
Таму медитирала и барала внатрешен мир. Неправдата, непочитувањето и недисциплината се она што може да ја исфрли од колосек.