Кафе муабет

Секоја година на роденденот на нејзиниот пoчинaт син прави нешто што ќе ве расплаче!

Отидов по торта и добив неверојатна порака

неутешната мајка платила во една слаткарница за на овој ден, оној кој ќе прави роденден да добие торта во чест на Дру….

Мајката е најдобриот пријател на своето чедо, и нема поголема болка од загубата на детето.

Ваквата болка остава голема трага во душата на една мајка, која сега е скршена бидејќи засекогаш изгубила дел од неа.

Сепак, една мајка најде начин да направи добро дело и да израдува едно семејство, и тоа на роденденот на нејзиниот трагично по-чинат син.

Младиот Дру од Араканзас поч-ина на 31-годишна возраст, но неговата мајка која сакала да остане анонимна секојдневно се сеќава на своето чедо, а на 22 април таа решила да направи нешто неочекувано.

Фото Фејсбук/ Cameron Leigh Phillips

Имено, неутешната мајка платила во една слаткарница за на овој ден, оној кој ќе прави роденден да добие торта во чест на Дру.

Тортата била наменета за оној кој славел роденден во истиот ден со нејзиниот син.

Овој неверојатен гест го споделила Камерон Леиг Филипс на Фејсбук.

Foto Facebook/Cameron Leigh Phillips

Имено таа дошла во слаткарницата да земе торта за нејзиниот тригодишен син, и потоа благодарна и шокирана од ваквиот чин веднаш ги споделила своите емоции на Фејсбук. Кога стигнала до пултот, таа побарала торта, по што вработените и рекле дека тортата е платена, а тие и објасниле дека секоја година во истиот ден доаѓа една неутешна мајка и донира торти во чест на Дру.

На картичката што ја прими Камерон со тортата стоеше порака од анонимна дама.

На неа пишуваше: “Денес е 37-ми роденден на мојот син, 6-ти во рајот. Во спомен на него, платив за вашата торта. Уживајте, создадете прекрасни спомени и цврсто прегрнете го вашето бебе (без оглед на тоа колку години има ) Со љубов, мајката на Дру “.

Foto Facebook/Cameron Leigh Phillips

Камерон ова го сподели со своите пријатели на Фејсбук, а нејзиниот пост предизвика низа коментари и ги насолзи очите на многумина.

– Луѓе … Денес отидов по торта. Ми ја подадоа тортата и потоа ми рекоа дека е платена и ми кажаа дека секоја година на 22 април во нивната слаткарница влегуваше една дама која им велеше да и изберат торта. Не знам која е „мајката на Дру“, но таа е толку добра душа. Ова навистина го разубави мојот ден и ме тера да го ценам своето бебе повеќе! Благодарам на мајката на Дру за љубезниот гест и што ми ги отворивте очите денес – напиша таа, по што објавата стана вирална.

Foto Facebook/Cameron Leigh Phillips

Во коментарите што следуваа, корисниците на Фејсбук коментираат дека Дру, покрај љубовта што ја добил од неговата мајка, бил и многу среќен човек.

– Мислам дека Дру беше многу среќен човек што имаше толку неверојатна жена во својот живот која ја нарекувал мајка – беше само еден од коментарите со кои корисниците на Фејсбук го изразија своето воодушевување.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close