Кафе муабет
Секогаш патеше поради тоа што е дете на разведени родители: Последната заедничка фотографија ќе ви го скрши срцето
Јелена не сака Атина и Ника да бидат деца на разведени родители...
Родителите на Јелена Карлеуша се развеле кога пејачката била девојче, а сепак во текот на животот одржувале коректни односи, за ништо да не и недостасува на нивната наследничка.
Родителите на Јелена Карлеуша се венчале во 1977 година кога Дивна имала само 19 години. Дивна и Драган Карлеуша следната година веќе ја добија ќерката Јелена, која подеднакво ја обожаваа, но нивната емотивна бајка не траеше долго. Тие се разведоа кога Јелена беше девојче, а нејзиниот татко, кој беше полициски инспектор, иако секогаш беше зафатен, остана важна фигура во животот на Јелена.
– Кога бев на работа, баба и ја чекаше дома со омиленото јадење. Сè што сакаше и беше купено. Ја носев на море, и татко и ја носеше па таа добиваше двојно од се. Таа остана да живее со мене, но нејзиниот татко секогаш беше тука за неа кога и требаше. Таа ми се доверуваше и изградивме прекрасна врска, која никогаш не ја злоупотреби – изјави еднаш Дивна.
Тие двајца секогаш биле подготвени да се договорат кога станува збор за Јелена и нејзината иднина, но Драган по разводот основал ново семејство. Сепак, тоа не го спречи да има здрава врска со Дивна и да биде прекрасен татко на Јелена.
Родителите на Јелена Карлеуша цело време беа со неа, а последната заедничка фотографија на која се насмеани е семејна фотографија од свадбата на нивната сакана и Бојан Кариќ.
Оттогаш не сме ги виделе како позираат заедно, но Драган сепак оди на гробот на Дивна со својата ќерка за да и оддаде почит, но и да и ја даде на својата ќерка потребната поддршка.
Инаку Карлеуша вчера по долго време откри зошто не сака да се разведе од Душко. Имено таа не крие дека секогаш патела поради тоа што е дете на разведени родители па една од причините поради која не се одлучи за развод е токму тоа Атина и Ника да не бидат деца на разведени родители.
Имено таа изјави дека нема да се разведе од сопругот Душко Тошиќ иако нивниот брак не функционира.
Карлеуша минатата година го пријавила Душко за семејно насилство на Божиќ, по што еднаш се сретнале на суд.
-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.
– Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – изјави Јелена Карлеуша.