Новости
Сега е јасно зошто го крие од очите на јавноста: Погледнете каков ФРАЕР е сопругот на Стоја!
Таа е во брак со Игор десет години
Стоја важи за една од оние пејачки која многу малку зборува за приватниот живот, и целата своја кариера ја гради врз основа на својот глас и хитовите кои ги има многу.
Таа е во брак 10 години со нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ но многумина речиси и не знаат за тоа, бидејќи пејачката нивната љубовна приказна вешто ја крие од очите на јавноста.
По професија Игор е архитект, но деновиве на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од него и дури сега е јасно зошто Стоја толку долго го криеше.
Игор е во добра форма, мускулест маж, па затоа и Стоја го чува само за себе.
Како што во една прилика откри пејачката, Јовановиќ не е само нејзин сопруг – тој е нејзин пријател и човек на нејзиниот живот.
– Секој ден ми дава комплименти, и ми кажува убави зборови. Тоа ме прави среќна и ми дава сила и енергија да одам напред низ сè што носи животот. Знае да ме изненади со роза, парфем, дури и на аеродром кога ќе ме чека од настап. Она што може да го стори интелектуалец, малкумина можат – објасни таа.
Инаку, Игор е многу привлечен и посветен на тренинзите, а неговите фотографии од теретаната постојано ги објавува на социјалните мрежи.
Тажната животна приказна на Стоја!
Иако многумина ќе помислат дека животот и подарил се, и буквално и цветаат рози, сепак не било секогаш така.
Во едно интервју пејачката си ја отвори душата и го раскажа нејзиното тешко минато.
Имено таа е родена во село, а се омажи малолетна, кога имала 16 години, а на 17 го роди својот син Милан.
Како што изјави семејството на нејзиниот сопруг не ја сакало, а нејзините родители и биле лути поради тоа што се омажила премногу млада.
Иако се чинело дека љубовта може да победи се, и таа со својот сопруг живеела среќно и заљубено, сепак по само две години се случила голема пресвртница во животот на Стоја, и таа го загубила својот сопруг.
Како што откри во една прилика останала на улица сама со својот син.
„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.
Стоја раскажа и како се случило тоа таа да остане без покрив над глава, па да побара помош од својата пријателка.
„Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме исфрли на улица мене и моето дете помало од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моите родители ми беа премногу лути, и кога решив да се омажам ми ставија до знаење дека повеќе нема да се вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме кај моја пријателка.
За Стоја може да се каже дека е тврдоглава, силна и одлучна жена а тоа и самата го потврдува. Таа постепено откако останала на улица, почнала да добива понуди со својот бенд, и полека да застане на свои нозе, за денес да биде една од најголемите ѕвезди.
„Некогаш немав што да јадам, го делев компирот со комшивката. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и таквата моја самодоверба ме туркаше напред“, изјави Стоја во една пригода.
Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.