Новости

СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕМА КРАЈ: Доктор Марија открива начин како да се спасиме од коронавирусот!

Докторката Марија од Србија не е оптимист кога станува збор за Ковид-19

Марија Здравковиќ, директорката на КБЦ Бежанијска коса (Србија)  денеска истакна дека се уште не може да бидеме оптимисти во врска со коронаврусот.

Таа истакна дека во моментов нема истражување што може да покаже кога Ковид-19 ќе биде поразен и потенцираше дека најважно е граѓаните да се придржуваат кон заштитните мерки.Посочи дека вирусот навистина постои, и апелираше до оние кои не веруваат во него, дека тој всушност може да биде многу опасен.

Директорката додава дека во КБЦ „Бежанијска коса“ е забележан скок на бројот на хоспитализирани пациенти во споредба со претходната недела. Посочи дека најмладиот пациент е 19, а најстариот 93, па според неа, веќе нема правило која старосна граница ја напаѓа вирусот, туку мора сите да бидеме претпазливи.

Во интервју за српскиот портал Политика,  Здравковиќ вели дека болниците се полни со заболени пациенти од Ковид-19, и дека треба да се внимава.

Foto: Zorana Jevtić

– На Интернет може да се најдат видео снимки каде што поединци зборуваат за теории на заговор и дека „ковид-19“ е измислена болест, дека бројот на болни и починати што се објавени не е точен. Ова може да го кажат само луѓе кои не го виделе страдањето на пациентите заболени од корона и вистинската слика на болеста – рече таа за „Политика“.

Foto: Profimedia

Таа исто така објасни дека основниот механизам во борбата против болеста е „силен имунитет“, па затоа најзагрозени се граѓаните кои имаат нарушен имунитет поради други болести или лоша исхрана,стрес или замор.

Само со силен имунитет ќе се справиме со сите вируси и болести

Од самиот почеток на пандемијата, Д-р Мозли предупреди дека е голем ризик да се остане дома во затворен простор,која беше една од мерките за заштита од вирусот.

Тој апелираше до сите да бидат послушни, да ги почитуваат мерките, но истакна дека доколку сакаат да го зајакнат имунитетот мора да имаат 20 минути во денот физичка активност.

„Вежбањето е најдобриот начин за зајакнување на вашето тело и имунитет. Ова не вклучува исцрпувачки тренинг, умерена физичка активност е доволна за да му се овозможи на телото да се справи со каков било надворешен напад. Исхраната е важна, но без активност, нема резултати“, додава тој. „Активноста мора да биде континуирана и да ги активира сите мускулни групи“, објаснува тој.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close