Кафе муабет

СЕ ПОРОДИ МАЈА ШУПУТ: Пејачката на 41 година го роди своето прво дете- името на наследникот се уште е тајна!

Маја Шупут стана мајка...

Пoзнатата пејачка Маја Шупут (41) денес стана мајка.

Како што дознава Јутарњи, со царски рез го родила своето прво дете, син тежок околу 2.900 грама, на Клиниката за гинекологија и породување во Петрова во Загреб.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
фото инстаграм
фото инстаграм

Гордата мајка и нејзиниот сопруг, Ненад Татаринов (37), сè уште не откриваат како ќе се вика нивното првороденче, но неодамна споделија со следбениците на Инстаграм дека го избрале неговото име.
Како што рече претходно, терминот за породување на Маја беше на крајот на март, но таа се породи денес.

фото инстаграм
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Во своето последно интервју пред породувањето, кое го даде за Јутарњи, Маја призна дека се здебелила 10 килограми за време на бременоста, а воопшто не се плашела од породување.

foto instagram


– Јас сум од оние луѓе кои сакаат она што навистина го сакаат да го добијат веднаш, истиот ден евентуално утре. Никогаш до сега не сум очекувала нешто што навистина сакам во мојот живот толку долго, дури девет месеци. Ова никогаш не ми се случило во животот. Затоа, бременоста ми се чини страшно долг воен рок- рече Маја за „Јутарњи лист“.

foto instagram

– Веќе сум доволно возрасна, се случија некои работи во мојот живот кои секако се потешки од породувањето. Покрај тоа, жените се породуваат со векови, па некако не верувам дека ова треба да биде најголемата траума во мојот живот – вели Маја. Имајќи предвид дека светот е зафатен од вирусот корона, Маја тогаш најави дека нема да биде придружувана од нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во салата за породување, но тие имаат и добро решение за тоа – видео повик.

фото инстаграм
фото инстаграм

На социјалните мрежи имаше бројни дискусии за името, а Маја откри дека не сака на бебето да му даде традиционално име, како што е Ненад.


– Колку што купивме, мислам дека слободно можев веднаш да родам тројка. Имаме сè! И кога кажувам сè, велам затоа што сè е подготвено, до последно. Имам подготвени работи за времето кога тој веќе ќе седи во хранилка, што е, се разбира, веќе дома. Имаме и седиште за во автомобил, сите можни колички. Што се однесува до облека, купив толку многу што и ако му менувам облека шест пати на ден, нема да може да износи се. Знам дека претерав, сето тоа ми е јасно, но не можам да си помогнам затоа што сето тоа е премногу слатко за мене. На крајот на краиштата, ова е прв и последен пат во мојот живот да станам мајка и тоа е тоа – вели Маја, која не планира да има повеќе деца.

фото инстаграм

фото инстаграм
фото инстаграм

– Никогаш не планирав големо семејство. Јас сум единица, не ми недостигаа брат или сестра и никогаш не бев осамено дете. Сигурна сум дека Ненад и јас ќе бидеме доволно забавни за детето. Но, клучната причина е, да бидеме реални, за мојата возраст. Јас баш и не сум цвеќе, и покрај тоа, сега се чувствувам најподготвена да станам мајка – признава Маја, која за својата бременост, вели, дека се случила во одличен момент за неа кога целиот свет застанал за да може да го носи своето дете во мир, без патување на концерти.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close