Кафе муабет
“Се каам што не повикав трубачи”: Игор Којиќ брутално искрен- откри се за разводот од Северина!
Се смири со нејзиниот поранешен...
Игор Којиќ вeќе извесен период е во центарот на вниманието поради ненадејното помирување со Милан Поповиќ, поранешниот партнер на Северина Вучковиќ со кој го има синот Александар.
Којиќ јавно објави дека тој и Поповиќ ги решиле несогласувањата меѓу нив и дека Милан го донел Александар на неговиот роденден.
Од објавите на социјалните мрежи јасно се гледа дека Којиќ, Поповиќ и малиот Александар се дружеле на море и дека синот на Северина и неговиот поранешен очув повторно воспоставиле контакт.
Игор Којиќ и Северина Вучковиќ беа во брак од 2015 до 2021 година. Којиќ не зборуваше за медиумите за бракот со Северина и причините за нивниот развод се до сега кога реши да стави крај на озборувањата и во големото интервју што го даде за Индекс отворено кажа се за помирувањето со Милан Поповиќ, а зборуваше и на темата поранешна сопруга.
– Со години летувам на хрватското приморје на прекрасните рајски острови. Сето ова е многу блиску до мојот роден град Мостар, од каде што решив да одам на Хвар, односно во Јелсо, со моите пријатели и мојата братучетка Катја. Веднаш штом стигнавме во Јелса, прошетавме по брегот, каде по две години првпат го сретнав Александар. Господ е најголемиот архитект, рече Игор.
Како што е познато, Игор синот на Северина, Александар го прифати и го гледаше како свое дете. Со него живееше пет години и беа доста блиски.
– Таа средба е неопислива и беше многу емотивна за двајцата. Се шетав со братучетка ми на брегот кога во еден момент помеѓу два чадори на ресторан го забележав тоа мало ангелско суштество како гледа во мојот правец. Погледите ни се сретнаа, Александар истрча кон мене и скокна во мојата прегратка која траеше, 10 минути, за мене 10 часа.
Се чувствував како да ме погоди стрелата на љубовта. Во една секунда се ми помина низ глава, а сигурен сум дека и нему му помина. Александар е дел од мојот живот, како и јас од неговиот, и засекогаш ќе остане врежан во моето срце, изјави Којиќ за Index.hr.
– Средбата со Милан се случи многу спонтано. Неколку дена откако го видов Александар, седев со моето друштво во ресторан кога во еден момент се појави Александар со браќата и татко му. Единствената слободна маса во тој ресторан беше зад нас, поточно зад мојот грб. Има една поговорка која вели: „Луѓето често планираат, но Бог се смее“.Александар и мојата братучетка Катја, која многу ја сака, си разменија шеги, на кои сите спонтано се надоврзавме. Набргу потоа ниту Милан, ниту јас не останавме рамнодушни на целата ситуација, па отидовме сами во соседната кафеана. Во животот среќаваме главно три типа на луѓе: оние кои судат, оние кои мерат и оние кои простуваат.
-Тој ден си подадовме рака и во центарот на нашето битие го поставивме само она што е најважно во целата приказна, а тоа е Александар. Простувањето не го менува минатото, но ја олеснува душата и ја збогатува иднината. Простувањето и покајанието се клучот на животот, рече Игор.
Игор конечно проговори и за разводот со Северина, и за тоа како ја преживеал разделбата од неа и Александар.
– Семејството не е играчка, а животот не е права линија и ниту еден развод не е лесен. Времето лечи се, а јас се сеќавам само на убавите денови. Сигурно најубав спомен е Александар, кој влезе во мојот живот кога имаше 3 години, а јас имав 26 години.
На прашањето дали се кае што не направи нешто за време на разводот, Којиќ шеговито одговори:
– Се каам што не повикав трубачи. Во животот треба да се ужива и најважно е да сме здрави и да имаме љубов во нас. Секоја ситуација што ни се случува денес не учи утре да бидеме попаметни и подобри.
Сака да замине во Америка…
Неодамна во медиумите се пишуваше дека Игор Којиќ посака среќата да ја најде во Америка, со неговата сестра Наташа.
Кеба и неговата сопруга би биле најсреќни доколку нивниот наследник најде љубов во Белград и се смири, но бидејќи се уште страда за Северина и нејзиниот син Александар, а тука нема професионална перспектива, свесни се дека тоа е тешко возможно.
Близок извор на Којиќ изјавил дека музичарот тешко се справува со тоа што неговата куќа наскоро ќе биде празна и дека ако Наташа и Игор основаат семејство во Америка, тие внуците ќе ги гледаат само преку видео повик.
– Кеба е очаен по одлуката на Игор. Нему и на Оља им беше тешко кога Игор замина во Хрватска да живее со Северина, а дури сега не се чувствуваат добро. Тие многу страдаат затоа што ја гледаат Наташа само еднаш годишно, кога одат кај неа и знаат дека сега кога Игор си оди, нема да имаат деца во близина. Кеба за се ја обвинува Северина бидејќи не сакала да роди дете. Има неостварена желба да биде дедо – рекол пријателот на Којиќ.