Кафе муабет

СЕ ЖЕНИ МУСТАФА САНДАЛ: Ја преболе Емина и реши да и даде втора шанса на љубовта!

Пејачот и Мелса не ја кријат својата љубов...

Мустафа Сандал, турската музичка ѕвезда и поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, денеска го слави својот 52 роденден.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Многумина и не веруваат дека турскиот заводсник полни 52 години поради младоликиот изглед но неодамна тој  откри дека тајната на неговиот младешки изглед е во редовниот тренинг. Но има и љубовта има уддел во тоа…

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Тој е во среќна врска со две децении помладата Мелиса Сутсуруп, успешна бизнисменка, која на јавноста и ја претстави дури ова лето. На Инстаграм тој се пофали дека таа и неговиот постар син Јаман биле меѓу првите кои му го честитале роденденот.

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

-Можеби некој имал автомобил пред мене, можеби те чекале девојки со мираз, можеби ти си крив… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме, напиша Мелиса со колаж од заеднички фотографии.

View this post on Instagram

A post shared by Melis Sutsurup ? (@melisutsurup)

И ова „идно презиме“ може да значи нешто. На пример, дека свадба е на повидок?

Ги надмина проблемите со Емина!

Емина Јаховиќ повторно е во добри односи со поранешниот сопруг Мустафа Сандал со кој е на суд поради алиментација.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Јас и Мустафа сега имаме контакт како родители на две момчиња. Се трудиме да ги едуцираме и воспитуваме на најдобар можен начин. Секој си има свој живот и никој никому не му се меша. Има еден спор кој треба да заврши, го оставивме на адвокатите. Веќе не зборуваме за тоа – истакна Јаховиќ за „Блиц“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Кога ја сумира годината зад себе, заклучува дека е многу задоволна жена.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

-Пред се, морам да кажам дека сум најзадоволната жена на светот бидејќи имам два сина, здрави сме, имам можност денеска да зборувам за се што направивме во изминатите 365 дена. Мислам дека 2021 не беше лесна за никого, а последиците од глобалниот стрес што го имавме во 2020 и 2021 година ќе ги почувствуваме во наредниот период. Така велат учителот и мачителот, тоа дури подоцна ќе влијае на нашето здравје и енергија. Добро беше што научивме повеќе да се свртиме кон семејството и вистинските вредности. Го исфрливме она што требаше да се исфрли, а она што е добро остана, објасни Јаховиќ.
Емина на 15 јануари ќе наполни 40 години, но вели дека не би менувала ништо.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Искрено, никогаш не би го сменила ова чувство што го имам во мојата глава сега и моето животно искуство за триесеттите или дваесеттите години. Никогаш не замислував дека ќе наполнам четириесет, некако секогаш ми беше премногу. Но што е најважно, гледам дека сè уште сум дете во душа. Се чувствувам убаво како никогаш досега и како да доаѓа вистинското време, истакна пејачката.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Кога станува збор за емотивниот живот, таа тврди дека не се смирила со милионерот Садетин Саран.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Нема ништо од помирување. Моментално сум заљубена во музиката. Го напишав речиси најдобриот албум во мојот живот, најискрениот досега… Ги напишав најубавите песни. Брендот добро напредува, повеќе се фокусирав на работата. Мислам дека нешто ќе ми се случи во љубовта, не прашувам и не бркам. Сакам самата себе да се поставам како стабилна, сите околу мене да бидат стабилни, вклучително и љубовниот живот – заклучи Јаховиќ.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Иако со месеци им се суди, Емина и Мустафа решија да се помират поради синовите Јавуз и Јаман за да го олеснат воспитувањето.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Неодамна Емина Јаховиќ откри дека разводот и прекинатата врска со бившиот сопруг оставиле последици врз однесувањето на нивниот постар син Јаман кој моментално минува низ пубертет.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Јаман има тринаесет години, а Јавуз девет, се уште не е во пубертет. Мислам дека ако имав близнаци кои имаат тринаесет години, целосно биполудела. Но, кога ги гледам моите деца, тие се многу добри, бидејќи јас сум строг родител и перфекционист. Знам како пораснав, добри се на училиште, ги почитуваат постарите, сакаат животни, но мислам дека оваа година ќе помине. Јаман моментално е во оние години кога одбива се и едноставно што и да му кажат тој знае подобро. Нема шанси да му не го направи тоа што го сака, тоа е негова манипулација што ја прави од самото раѓање. Едноставно е, на крајот секогаш го добива она што го сака. Се трудам да бидам силен. Тој е дете на разведени родители и тоа не ми оди секогаш добро, понекогаш ја користи ситуацијата дека немаме добра комуникација за да прави како што сака – искрена е таа.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Синот на Емина Јаховиќ често ги користи нерешените односи на неговите родители за да го добие она што го сака. Сепак, Емина вели дека ја надминала врската и конфликтот со Мустафа.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Мустафа е некој кој е мој поранешен сопруг и татко на моите деца. Јас така гледам. Секогаш ќе морам да бидам во некаква комуникација со него и така ќе остане. Сето тоа го надминав, само сакам моите деца да бидат добро. Ќе направам се за да им го олеснам пубертетот и животот во секоја смисла на зборот – вели таа во искреното интервју за „Блиц“.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close