Бремената тинејџерка Дарија Судникникова (14) веќе некое време е глвна тема на разговор низ медиумите.
Во јануари, Русинката го шокираше светот со тврдењето дека очекува дете со 10-годишното момче Иван.
Оваа вест го заобиколи светот, а научниците заклучија дека е не возможно десетгодишник да биде татко на дете кое треба да се роди наскоро. Тогаш Дарија признала дека ова бебе е од повзрасен маж за кој вели дека ја нападнал и открила дека бебето ќе биде подложено на ДНК-тестирање по раѓањето за да може полесно за полицијата да го пронајде нејзиниот напаѓач.
Покрај тоа, таа откри дека докторите не можат да го утврдат датумот на доспевање затоа што е премногу млада и „никој не знае колку недели од бременоста ќе достигне“, а неодамна заврши во болница поради компликации.
Таа има повеќе од 530 илјади следбеници на „ТикТок“ и 230 илјади на Инстаграм, а неодамна одговори на нивните прашања. Меѓу другото, една девојка од следбениците ја праша дали планира наскоро да има друго дете.
„Да, во иднина, кога ова бебе ќе наполни 10 години. И тоа ќе биде со мојот десетгодишен партнер“, одговори таа.