Кафе муабет

Само една недела по веста за разводот Огњен заврши во прегратките на оваа колешка (ФОТО)

Тивко пати...

Огњен Амиџиќ презеде радикални мерки по разводот, тој реши патењето по поранешната сопруга да го замени со ноќен живот.

фото архива

Колапсот на бракот кој траеше десет години одекна во медиумите како бомба, а сега по разводот Огњен Амиџиќ реши да сврти нов лист.

Фото Фејсбук/ Огњен Амиџиќ

Додека неговата поранешна животна сопатничка Данијела Димитровска ужива на одморот и ги информира своите следбеници за се на социјалните мрежи, Огњен досега не се експонираше во јавноста, па изгледа дека тивко страда.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Сепак, како што стојат работите, Огњен Амиџиќ по разводот реши да продолжи понатаму, а во полн сјај се појави на роденденот на колешката Ана Радуловиќ.

Ata Images

Облечен во неговиот препознатлив спортско-елегантен стил, Огњен блескаше без да ја тргне насмевката од лицето, а гала забавата на која присуствуваа голем број јавни личности траеше до доцна во ноќта.

Ata Images

Тој не сакаше да одговори на прашањата за поранешната сопруга, само мистериозно изјави дека му е добро и дека му треба одмор и во блиска иднина планира патување во Грција.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Огњен откри и дека подготовката за новата сезона на неговото шоу е во тек и дека напорно работи на тоа:

фото инстаграм/Огњен Амиџиќ

– Правиме се одново, како и секоја сезона, се мора да биде ново, па сега поставуваме нова сценографија, договараме нови содржини, нови сегменти за емисијата – изјави водителот за „Србија данас“.


Да потсетиме топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Двајцата излегоа со заедничко соопштение и истакнаа дека освен ова нема да даваат дополнителни изјави.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Сакаме да им се заблагодариме на сите медиуми за досегашната соработка и да ве замолиме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема – стои во соопштението.
Тие двајца се запознале на снимањето на оригиналното шоу на Огњен во 2009 година. Тогаш и двајцата беа во брак, но следната година почнаа да се појавуваат заедно и да нагласуваат дека се во врска.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Јас и Данијела се запознавме во емисија и таа ми остави фантастичен впечаток. Не сум класичен романтичар на очекуваниот начин на цвеќе и појадок во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, но Даниела многу повеќе реагира на оние работи кои не се материјални – истакна Огњен во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Данијела и Огњен од бракот го имаат синот Матија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close