Кафе муабет
Раскина со Дарко па замина на првата естетска корекција: Еве како изгледа Барбара Бобак сега (ФОТО)
Ги корегираше усните...
Пејачката Барбара Бобак и стана позната на јавноста поради врската со фолк пејачот Дарко Лазиќ, со кој неодамна раскина.
Многу се шпекулираше дека како девојка на Дарко ја покачила цената на настапите, а сега решила да инвестира во себе и својот изглед.
Првото нешто што го направи е зголемување на усните, со што се пофали на Инстаграм.
Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ сега покажа каква промена направила на своето лице и откри дека е презадоволна.
– Презадоволна сум и не можам да престанам да се гледам во огледало. Ја поправивме асиметријата и следниот пат ќе го стопиме стариот филер – напиша Барбара која објави и фотографија од својот нов изглед.
Да потсетиме, минатата година пејачката влезе во врска со Дарко Лазиќ, кој беше свршен со неа, но нивната врска заврши во март годинава.
Лазиќ поради раскинувањето се чувствувал лошо, па испил многу, а сето тоа кулминирало кога сообраќајната полиција го запрела на автопатот во Нов Белград, каде било констатирано дека во крвта има алкохол и наркотици, како и дека возел над дозволената брзина и без дозвола. После се, Лазиќ се изјасни дека имал емотивни проблеми предизвикани од раскинувањето со Барбара.
Многу се зборуваше и пишуваше за неговите турбулентни љубовни врски, а дека има тенка линија меѓу љубовта и омразата, потврди извор кој откри дека пејачот ја обновил врската со поранешната свршеница Марина Гагиќ, која не бираше зборови кога зборуваше за Дарко.
Имено, според извор на Ало.рс, Дарко и Марина решиле на љубовта да и дадат уште една шанса, но врската да ја држат во тајност бидејќи тоа не го прифаќаат родителите на Марина.
– По раскинувањето со Барбара Бобак, Дарко многу брзо ја обнови љубовната врска со поранешната свршеница Марина Гагиќ. Заедно се нешто повеќе од еден месец, Дарко се уште живее во Нови Сад, а Марина со заедничкиот син Алексеј е со родителите во Пеќинци – рекол соговорникот на самиот почеток на разговорот, кој посочува дека Гагиќ не лесно ја поднесе разделбата со Дарко со кој ја планираше иднината.
– Марина беше повредена, лута, разочарана… Дарко даваше премалку пари за нивниот син, уживаше во јавна љубов со друга девојка додека таа страдаше. Животот го започна од нула, се врати во Пеќинце со родителите, се мачеше со коментарите од околината… Навистина не и беше лесно – рекол извор кој сакал да остане анонимен, а потоа открил зошто Марина му дала уште една шанса на фолкерот.
– Дарко и ветил дека ќе смени некои работи. Марина е свесна дека е боем, дека нема да се откаже од тој начин на живот, но ја уверил дека повеќе ќе се посвети на неа и на детето и дека нема да ја изневерува.
Таа многу го сака Дарко, реши да му даде уште една шанса, но овој пат е внимателна – изјави добро информиран извор додавајќи:
-Семејството на Марина не сака да чуе за Дарко, виделе колку страдала поради неговото однесување и не ја пуштале повторно да го помине истото. Токму затоа Марина тајно се гледа со него, додека не се увери дека тој се променил и дека нема повторно да ја подложи на истото понижување. Планира да го подготви семејството и потоа да ги извести дека официјално се смирила со Лазиќ – заклучил соговорникот.
На овие написи Марина накратко рече:
– Тоа не е точно, немам дополнителен коментар.