Нега и здравје
Работејќи со деца во онкологија почнала да прави кукли за да го подобри расположението на децата болни од опака болест
Сака да им покаже дека се посебни...
Ејми Јандришевич е жената која решила да се посвети на правење кукли, кои ќе го подобрат расположението на децата кои се борат со опака болест.
Работејќи со деца во онкологија, Ејми која по професија е социјален работник, сфати колку е важен овој вид поддршка за младите пациенти кои се борат со тешки болести.
„Куклите имаат моќ што луѓето не ја разбираат целосно“, вели Ејми која како социјален работник на педијатриска онкологија користела кукли за да им помогне на своите млади пациенти да се прилагодат на нивните медицински состојби и новиот начин на живот.
Многу деца можеа да се препознаат во тие кукли бидејќи секоја од куклите имаше нешто специфично за детето за кое е наменета.
Само за децата кои имаат некаков физички хендикеп или децата на кои им паднала косата, немало кукли со кои би можеле да се поврзат и да се идентификуваат.
Ејми започнала со правње на невообичаените кукли во моментот кога нејзината пријателка открила дека нејзиното дете е трансродово. Во тој момент Ејми сфатила дека може да им помогне на младите луѓе во овој потенцијално предизвикувачки период бидејќи и самата била ЛГБТ сојузник.
– Тешко е да му кажеш на детето: „Ти си совршен таков каков што си“ и на тој начин да изградиш самодоверба, и никогаш да не му нудиш нешто што личи на него – рекла Ејми, а пренесува Reader’s Dugest.
Ејми имаше голема желба да го промени тоа. Таа рачно изработила кукла, користејќи ткаенина, конци и маркери, која наликувала на детето на нејзината пријателка и и ја испратила. Откако таа ја објавила фотографијата од нејзиното пресреќно дете кое ја држи куклата друга мајка ја замолила Ејми да направи кукла што наликува на нејзиното бебе на кое му недостасува нога.
Приказната за Ејми која изработува кукли набрзо се прошири и наскоро оваа неверојатна жена правеше кукли за деца со лузни, дамки, деформитети на лицето, трахеотомии – накратко, кукла што личеше на нив.
Таа ја напуштила работата и ја основала непрофитната организација „Doll like me“. Работејќи од нејзиниот дом во Милвоки, користејќи фотографии доставени од родители или старатели, Ејми троши приближно седум часа правејќи ја секоја кукла.
Страницата GoFundMe ѝ помага да ги надомести трошоците и и дозволува да ги донира своите услуги. Таа не ги наплаќала куклите откако ја започнала својата непрофитна организација, а вкупно има направено повеќе од 400 кукли, а листата на чекање е долга.
Ејми е упорна во својата мисија и како што вели:
– Секое дете, без разлика на пол, етничка припадност, раса, возраст, здравствен проблем или облик на телото, треба да погледне во слаткото лице на куклата во која се гледа себеси.