Кафе муабет
Пријовиќ заминува од семејниот дом: Филип Живојиновиќ шокиран од оваа одлука- “Повеќе не можам да издржам”, пејачката призна СЕ!
И треба одмор...
Александра Пријовиќ реши да си го послуша телото, па по цели шест месеци работа без престан, сега сака да одмори далеку од се и да заборави на работните обврски а слободното време да го помине со своите најблиски.
По шест месеци настапи речиси секоја вечер додека го промовираше успешниот албум што го издаде оваа година, пејачката сфати дека нејзиното тело почнало да ја изневерува.
Затоа, популарната пејачка одлучила дека е неопходно да се одмори, па одредила три недели да се повлече од јавната сцена исклучиво за полнење на батериите.
Одморот на Александра Пријовиќ дојде кога пејачката приметила дека заморот почна да влијае на нејзиното здравје.
Затоа, Пријовиќ деновиве одморот го поминува дома, каде целосно се посветува на дружењето со сопругот Филип Живојиновиќ и нивниот тригодишен син Александар. Таа на својот Инстаграм профил, објави фотографија со која покажа како го поминува времето со своите најблиски. Фотографијата потоа ја сподели Филип, а на неа може да се види како Александра го снима својот сопруг додека свири на клавир.
– Какви песни ми направи едвај чекам да ги слушнете – напишала Александра, а дали тоа било само шега или Филип ќе се докаже и како композитор останува да видиме.
Александра Пријовиќ засега одморот го минува во семејниот дом, иако таа е позната по тоа што повремено со семејството патува на потопли дестинации, а една од нив е и Монте Карло, место каде Живојиновиќ редовно патуваат.
Неодамна Александра беше запрашана како се согласува со сопругот Филип Живојиновиќ и дали таа и Филип подобро се согласуваат откако станаа родители на синот Александар а пејачката откри и за што најмногу се расправаат.
– Се расправаме само за песни, тој ми ги направи мелодијата и текстот за песната „Звукот на тишината“. Беше многу заморно! Се расправавме многу, но секако сакавме се да биде што подобро. Испадна одлично и секогаш сум велела дека најмногу му верувам. Откако се забавуваме, тој најмногу ми помага – истакнува пејачката.
Многу се зборуваше за вашиот развод, како и за тоа дека неговото семејство вложи многу во вашата кариера – рече Огњен Амиџиќ, водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.
– Неговото семејство никогаш не ми помогна финансиски, се финансирав сама од првиот ден. Со овој бизнис почнав да се занимавам рано, на 14 години и така ме воспитуваа и учеа – се трудев сама да се борам и да заработам некој динар. Никогаш од никого не барав и никому ништо не должам, секогаш се трудев да не зависам од никого. Затоа сама вложив се во кариерата, па нема да дојде ден некој да каже дека инвестирал во мене, бидејќи се` сама направив – гордо истакна Александра.
Имено сега во медиумите почна да се шушка и дека Прија ја престигна колешката Лепа Брена кога е во прашање заработката, со оглед на тоа што од почетокот на годината заработила три пати повеќе пари од неа.
Александра Пријовиќ од почетокот на 2022 година има 50 настапи, а само од прегледите на песните кои ги има на Јутјуб и биле исплатени пари со кои може да купи стан во Белград. Од друга страна, Брена има само неколку прегледи за песните кои пред подолго време се објавени на овој канал.
– Прија годинава влезе работејќи, цело лето резервираше тезги и настапи, а до крајот на годината ја чекаат десетици настапи. Досега имаше околу 50 прослави и на сите тезги имаше добри хонорари за неа, а добро заработи и од прегледите на YouTube. Брена, пак, имаше малку настапи, повеќе патуваше и трошеше пари, а немаше приходи од прегледи на YouTube. Само неколку нејзини песни добија многу прегледи, другите не поминаа најдобро, па Брена почна да ги прикачува сите извештаи, интервјуа и сцени од филмовите во кои глумеше како млада за да ја зголеми гледаноста на самиот канал – откри неодамна добро информиран соговорник на српски Телеграф.
– Прија досега ја заработи сумата што некои пејачи ја постигнуваат за пет или повеќе години. Откако објави нови песни, таа има уште повеќе ангажмани, за разлика од Лепа Брена која се одмараше на море – додаде соговорникот.