Кафе муабет
Пријателите на Дарко Лазиќ загрижени- полуде по Барбара, поради неа ќе остане без ништо!
На неа ќе потроши се што има...
Наводно Дарко Лазиќ е подготвен да стапне на „лудиот камен“ со Барбара Бобак, а сега наводно одлучил да и купи стан…
Веќе извесно време на големо се пишува за врската на фолкерот Дарко Лазиќ и неговата нова девојка Барбара Бобак со која започна врска само неколку месец откако се раздели од својата вереница Марина Гагиќ.
Имено сега пријателите на Дарко се загрижен поради тоа што пејачот буквално е заљубен до уши во Барбара и на неа е спремен да го потроши целото свое богатство.
-Тотално полуде по Барбара! Повторно ќе потроши 200.000 евра и ќе остане без се!
Наводно Дарко Лазиќ е подготвен да стапне на „лудиот камен“ со Барбара Бобак, а сега наводно одлучил да и купи стан.
– Дарко е луд по неа, тој никогаш не се заљубил во жена толку колку што ја сака Барбара. Тој им се доверил на своите пријатели дека сака да и купи имот и веднаш да го препише на нејзино име. Џабе му велат дека е премногу рано за тоа бидејќи неодамна започнаа врска но не сака да слуша, си прави по свое – открива добро информиран извор.
– Сака да купи стан, за да живеат заедно во него, а неговата желба е таа официјално да биде сопственичка, бидејќи на тој начин би и покажал колку му значи.
„Повторно ќе потроши 200.000 евра и ќе остане без се што има“, му рекоа неговите блиски пријатели кога слушнаа штосака да направи, но Лазиќ не го интересираат коментари од тој тип – додава изворот.
– Каква и да има намера Барбара, тоа го постигнува, така што секогаш е со него. Неговата цел е да го купи станот до крајот на годината, а сигурен е дека Барбара е „вистинската“. Тој се уште не сака јавно да зборува за тоа, барем додека не го финализира сето она што го замисли – заклучува изворот.
На почетокот, Дарко и Барбара ги криеја своите емоции од јавноста, но сепак, факт е дека ја подигнаа врската на повисоко ниво, а за тоа говорат се почестите заеднички снимки и слики на социјалните мрежи. Сега првиот бакнеж е овековечен, а тие двајца веќе и живеат заедно. Лазиќ секаде ја води новата избраничка, која исто така е пејачка, па можете да видите дека заедно одат на забава, таа го придружува на настапи, го користат слободното време за дружење со пријателите и честопати споделуваат слики од домот каде што живеат.
– Дарко ужива како никогаш досега, целосно се опушти со Барбара и навистина ужива во времето што го поминуваат заедно. Иако не планираше да започне посериозна врска толку брзо, се некако се случи спонтано и сега се неразделни. Најмногу ја сака Барбара бидејќи има сличен карактер како него, секогаш се шегува, сака да се забавува и не му завранува ништо. Затоа тој брзо се заљуби и не е невозможно наскоро да стапнат на „лудиот камен“ – наведува извор кој е близок до Лазиќ и додава:
– Имајќи предвид дека и двајцата имаа работа летово, и беа почесто разделени, одлучија слободното време да го поминуваат секогаш заедно, и обично Дарко останува со Барбара во станот. Засега, нивниот заеднички живот оди добро, и се повеќе се шегуваат за тоа како ќе ја легализираат својата љубов. Дарко е особено задоволен што Барбара го разбира бизнисот со пеење, па затоа не е љубоморна кога се разделени.
Самата пејачка потврди дека размислуваат за брак по конфликтот со поранешната свршеница на Дарко, Марина Гагиќ. Имено, конфликтот настанал кога Барбара потврдила дека Марина и се јавила и во таа прилика ја навредила и се заканила дека ќе ја претепа. Она што ја испровоцира Гагиќ е изјавата на Барбара дека синот на Марина и Дарко, Алексеј, веќе ја нарекува мамо.