Кафе муабет
Пријателите загрижени за здравјето на Снежана – пејачката не може да се опорави по случката со синот!
Најголеми главоболки во последните години и зададе нејзиниот син Марко Гвозденовиќ кој на јавноста е познат како проблематичен кој до неодамна беше и во затвор...
Снежана Ѓуришиќ е една од најуспешните и најпочитуваните пејачки на народната музика.
На професионален план со години реди успеси, сакана, почитувана од страна на колегите и публиката, но во приватниот живото се уште не и цветаат рози.
Најголеми главоболки во последните години и зададе нејзиниот син Марко Гвозденовиќ кој на јавноста е познат како проблематичен кој до неодамна беше и во затвор.
Како што објавија медиумите наводно здравјето на Снежана Ѓуришиќ се влоши по приказните за она што го направил Марко, а пејачката се сомнева дека нејзина колешка ја саботира за да и ја уништи кариерата!
Уште откако во медиумите се појави наводната информација дека Марко Гвозденовиќ, синот на Снежана Ѓуришиќ, ограби два ресторани во кои работел, а исто така ја ограбил и својата родена тетка која од Америка дошла кај нив во посета.
Марко кој работел во ресторанот како доставувач за два часа успеал да ограби 20.000 динари.
-Снежана е многу лошо, многу се потресе, но не и паѓа на памет да се правда пред никого и да дава изјави. Таа само рече дека е неверојатно да се пишува за Марко повторно и повторно и да се повторува старата приказна – објаснува извор за Скандал и додава:
– Дури и се сомнева дека нејзина колешка и прави саботажа. И бидејќи Снежана нема ниту една грешка и публиката ја обожува, таа губитничка дојде до идеја да го оцрни Марко, кој целиот живот страда поради неколку грешки од младоста што може да му се случат секому – заклучи блзок извор на пејачката за Скандал.
Пејачката само еднаш зборуваше за проблемите кои и ги зададе нејзиниот син.
– Мојот син сака да пие, и направи сообракајка. Тоа беа страшни денови, поготово за семејството на девојката која за- гина.
Ја продадов куќата за да ги платам потребните трошоци. Мојот син се уште не се врати на својот живот, изјавила Снежана во 2016 година.
За несреќата во една ситтуација прозборе и самиот Марко.
– Во автомобилот додека возев се случуваше нешто незабележано и јас во еден момент изгубив контрола и удрив. Не е убаво сега за тоа за зборувам.
Долго време лежев во болница, имав 17 операции, половина стомак го немам, лекарите едвај ми ја спасија ногата.
По опоравувањето бев три години во затвор, раскажал синот на пејачката.
Но, Марко откако излегол од казната за кратко време направил уште една сообраќајка во која имало само повредени лица, па Марко побегнал од местото на настанот, но полицијата набрзо го пронашла.
Снежана и синот со години не се во добри односи, што и самиот Марко јавно заборува за тоа.
– Не сме во добри односи, едноставно правев многу грешки и затоа не сака да зборува со мене.
Јас сум многу сличен на неа, многу работи и ги кажав в лице и тоа можеби не и одговараше.
Секогаш има причини за расправија, тука беа и некои недвижнини. Јас едно време бев и се согласив да одам да се лекувам од алкохол, рекол Марко.