Кафе муабет
Природна убавина: Хана Хуљиќ го промени имиџот и ги воодушеви сите
Направи промена на фризурата...
Хана Хуљиќ ги изненади своите придружници менувајќи го имиџот.
Tаа важи за девојка која го претпочита природниот изглед, но овој пат реши да ја освежи својата долга кадрава коса по која инаку е препознатлива.
На сликите од фризерскиот салон Хана блесна со нова фризура и во цветен фустан, а вниманието на сите го привлече нејзиниот стомак кој веќе е на повидок. И на нејзината рака блескаше прстен.
-Мојата убава пријателка Хана Хуљиќ на дружење и освежување на убавата коса !!!!, напиша нејзиниот фризер.
Хана и Петар се венчаа во февруари, а приказните за нејзината бременост се појавија кон средината на јануари. После тоа, Хана проговори.
– Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да ни останат приватност, изјави Хана за Јутарњи лист.
Инаку Јосип беше задолжен и за невестинската фризура и шминка на Хана.
Шминката беше во нејзин стил, нежна сенка за очи, сјаен кармин, истакнати очи, Хана буквално блескаше на денот на венчавката.
За Велигден замина од дома
Хана Хуљиќ, сопругата на Петар Грашо реши Велигденскиот понеделник да го помине во друштво на својата пријателка и кума Доменика Жувела.
Доменика се пофали со фотографиите од дружењето со Хана која на фотографијата вешто го сокри трудничкиот стомак.
-Природа и (најдобро) друштво, напиша пејачката во описот на објавата.
Инаку, Доменика последниве неколку месеци е во Загреб поради шоуто „Танц со ѕвездите“, а по се изгледа кај неа за празниците дојде Хана.
Убавата русокоса беше кума на ќерката на Хуљиќ на неодамнешната венчавка со Петар Грашо. Девојките се пријателки долги години и се дружат и приватно и професионално.
Хана на почетокот на летото треба да го роди своето прво дете, за кое како што изјави нејзиниот сопруг се уште немаат избрано име.