Кафе муабет
ПРЕСЛАТКО: Девојката на Андрија Милошевиќ го покажа трудничкото стомаче- ситно брои до породување и изгледа прекрасно!
Актерскиот пар наскоро ќе добие принова...
Сопругата на познатиот актер Андрија Милошевиќ ситно брои до породувањето, а парот ќе го добие своето прво дете.
Имено актерката, Александра Сандра Томиќ ги воодушеви сите со нова фотографија на која го покажа трудничкиот стомак
Актерскиот пар со години живее заедно, а сега очекуваат ново засилување.
Тие не сакаат јавно да го експонираат приватниот живот, но актерката сега ги изненади сите со фотографија на која се гледа трудничкиот стомак.
Имено, актерката позирала пред огледало во пижами, а сите прво го забележаа нејзиниот стомак како наѕира.
Веднаш по објавувањето следеа коментарите: „Убава, ти годи бременоста“, „Колку си слатка и природна“, „Убава трудница“ …
Андрија неодамна ја потврди убавата вест и изјави дека има моменти кога ќе зборува за тоа.
– Многу сум среќен поради добрата вест. Не го криеме. Ќе дојде време кога јавно ќе зборуваме за тоа. Еуфоријата е голема. Благодарам на сите луѓе за честитките. Ќе има можности да се зборува за се во јавноста – изјави актерот за медиумите.
Актерката за време на бременоста е многу активна и постојано шета.
“Се чувствува одлично во бременоста, па не и е проблем да глуми, а камоли да патува. Таа е одличен авантурист, ја сака природата и затоа е секогаш подготвена за акција. Бидејќи сè уште не зачекорила длабоко во бременоста, таа го користи секој слободен момент за да шета, надвор е и ужива во убавото време, поради што се согласи да отпатува со Андрија во Унгарија, посочува извор близок до познатиот актер за Блиц.
„Андрија е многу грижлив кон неа и и ги исполнува сите желби. Многу е убаво кога ќе видите колку негуваат почит и љубов и после толку години заеднички живот. Веста дека ќе станат родители само дополнително ја зацврсти нивната љубов, а оттогаш тие се буквално на седмо небо и едвај чекаат ново поглавје поради што го користат секој момент да уживаат во времето заедно и не сакаат да се оптоваруваат со ништо, одморени и на крајот посветени на едни со други“.
Андрија на темата татковоство веќе неколку пати зборуваше во јавноста, навестувајќи дека тој и Александра се подготвени да станат родители, а сега нивната желба се исполни.
– Апослутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Го сакам тоа и ќе биде. Животот нас не води на разни страани и патишта, а потоа просто доаѓате до еден момент кога мислите дека тоа е тоа.
Всушност, вистински морате да живеете живот без калулации. Тоа е поентата на приказната. Не можете да калкулирате ништо, а посебно не деца. Се мора да оди од љубов, рекол своевремено Андрија за Курир.рс и откри каков татко ќе биде:
– Немам правило за воспитување на деца. Знам каков ќе бидам – јас ќе се растопам како топла чоколада кон детето.