Кафе муабет
Пред да се омажи со Новак Ѓоковиќ, Јелена го љубеше овој тенисер?! (ФОТО)
Јелена беше голема поддршка на Ѓоковиќ на патот кон освојување во светот...
Јелена и Новак Ѓоковиќ се еден од најпознатите парови во светот, а тие го изговорија судбоносното „да“ во 2014 година.
Нивната љубов започна кога беа во раните дваесетти години, а Јелена беше голема поддршка на Ѓоковиќ на патот кон освојување во светот.
Двајцата изгледа дека се лудо заубени како и првиот ден.
Иако многумина сметаат дека Новак е прва љубов на Јелена, тоа не е баш така. Пред Ноле, Јелена беше во врска со уште еден српски тенисер, Иван Бјелиќ Гиле.
Во тоа време Новак беше во врска со Лидија Поповиќ, но нивната врска не траеше долго затоа што беа премногу млади, пишува „Стори“.
Иван некое време беше во врска со актерката Христина Поповиќ, но на таа љубов и дојде крај. И, додека Јелена ја најде среќата покрај најдобриот тенисер во светот, сепак ништо не е познато за моменталниот емотивен статус на нејзиниот поранешен партнер.
Инаку самиот Новак признава дека најголема поддршка освен неговите родители му е и неговата сопруга Јелена, но и неговите деца Стефан и Тара…
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот постигна уште еден резултат за воодушевување, но тој на неколку наврати јавно истакна дека најголемата сила ја наоѓа во моментите што ги минува со своето семејство.
Додека медиумите постојано откриваат детали за животот на Новак и Јелена, тие двајцата решија нивните деца да ги кријат од очите на јавноста, колку што е можно повеќе.
Синот Стефан неколку пати го имаме видено во јавноста како го бодри својот татко во публиката.
Сепак, Тара која е родена во 2017 година, никогаш не сме ја виделе во јавноста, а Јелена секогаш се обидува да го покрие лицето кога објавува фотографии или видеа на социјалните мрежи.