Кафе муабет

Прво интервју на Јана Тодоровиќ по големата трагедија: „Дете мое, ова е мојата најголема загуба“

Пејачката се обидува да продолжи понатаму...

Пејачката Јана Тодоровиќ за прв пат проговори по големата трагедија која се случи во нејзиното семејство и откри дека собрала сили да продолжи и да се врати на својата работа.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

– Во Америка бевме еден месец. Беше одлично, се дружевме со фанови и пријатели, донесов убави впечатоци од Америка. Таму се порелаксирани од нас – рече пејачката во „Премиера – викенд специјал“.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

Таа во оваа прилика за прв пат јавно проговори за болната загуба на нејзиниот внук, која тешко ја поднесе:

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

– Многу ми е жал што морам вака да зборувам во јавноста… Ги изгубив родителите за 2 ипол месеци во 2015 година и ме боли, но она што му се случи на мојот внук е најголемата трагедија во мојот живот. Не сакам да плачам, најдов сила да направам две нови песни. Едната се вика „Абу Даби“, а наскоро уште една нова песна за сите луѓе кои ме сакаат и ценат – вели Јана и додава:

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

– Само што наполни 33 години, голема трагедија. Ова е мое прво интервју по трагедијата. Тоа е мое дете, но животот мора да продолжи – рече со треперлив глас Тодоровиќ.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

Пејачката неколку пати во јавноста истакна дека таа на нејзиниот внук не му била само тетка туку и втора мајка а потоа објасни како се случила трагедијата.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

„Се опоравувам од најголемата трагедија во мојот живот. Не почина мојот внук, туку моето дете. Тоа е млад живот, тој зад себе остави петгодишна ќерка. Тој не е само дете на сестра ми, тој беше мое дете. Бане порасна кај нас.Ќерка ми доживеа голем стрес, уште ја враќаме во нормала, за сестра ми и да не зборувам.Таа трагедија ми беше соопштена кога бев во Америка на настап, веднаш заминав за Белград.Викнаа брза помош, едвај ја издржав веста“, вели пејачката за српски Блиц, едвај воздржувајќи се да заплаче.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

„Доби корона и беше малку покрупен. Отиде на лекар, му дадоа антибиотик, но состојбата не му се подобри. Лекарот му понуди да остане во болница и бидејќи не се чувствува добро, тој се согласи. Состојбата наеднаш му се влоши и таа сабота го загуби животот. Само еден ден беше на респиратор. Мислам дека срцето не му беше добро и не беше ни вакциниран“, рекла Јана со треперлив глас.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

Таа истакна дека сега најважно е да се држи поради нејзината ќерка, но и сестрата и внуката на кои им е најпотребна. Ќерката на Јана и Бане беа неразделни, бидејќи заедно пораснаа.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

„Првпат во животот доживеа толку голем шок, па сега сме цело време со неа. Мораме да продолжиме понатаму“, вели Јана, која вели дека и се јавиле многу пријатели од естрадата и и понудиле помош и дека им е благодарна на сите но и дека поради големата болка немала сила на сите поединечно да одговори.
„Не знаев каде сум, ми требаше време да се составам“, рече пејачката.

фото инстаграм/Јана Тодоровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close