Кафе муабет

Се пресели во Грција и ужива со саканиот – СПЕНЏАРСКА ГО ПОКАЖА ПОГЛЕДОТ ОД ТЕРАСАТА ВО СОЛУН

Го покажа погледот од станот во Солун...

Секогаш во центарот на вниманието, своја и уникатна.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Водителката Јелена Спенџарска повеќе од  15 години е во медиумскиот простор.

Скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Периодов Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче кое живее во Слун, соседна Грција.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Водителката не го покажуваше момчето во јавноста, но сепак реши токму на Католичкиот Божиќ да ги изненади своите фанови и да објави фотографија со саканиот.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Во своето последно интервју за Црнобело Спенџарска открива повеќе за љубовта со саканиот Лукас, за врската, за идните планови.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Јелена за првпат споделува како се запознаеле со Лукас, и дека тоа навистина било љубов на прв поглед.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае, открива Спенџарска за Црнобело.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун. Морам да бидам и таму но и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство. Не заминувам засекогаш. Тука сум и колку што можам им стојам на располагање на сите, плус не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно.“- откри водителката за нејзините фанови.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Спенџарска викендов објави дека кончено се пресели во Солун кај нејзиното момче.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Таа се снимаше како се вози во автомобил со Лукас, а потоа покажа како стигнале во Солун  и како се возат на сонце, покрај море.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Потоа, водителката го покажа погледот од терасата во станот на Лукас.

Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска

Судејќи по нејзиниот насмеан лик – се гледа дека Јелена дефинитивно ужива во овој период од животот!

 

фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close