Дом и семејство

Прва фотографија од крштевката на малата Алба: Сите зборуваат за фустанот на мама Хана Хулиќ- изгледа како вистинска принцеза

Гордите родители направија прослава...

Петар Грашо и Хана Хуљиќ добија ќерка кон средината на јули минатата година и од тогаш малата Алба е ннивна главна преокупација, најголема грижа и неизмерна радост.

фото Стори.рс

Гордите родители, според хрватските медиуми, во петокот на 17 февруари во Сплит, направија крштевка во строга тајност додека два дена по свечениот чин, на 19 февруари, приредија голема забава по овој прекрасен повод.

фото инстаграм/Петар Грашо

Прославата беше организирана во ресторанот „Адриатик“ во Суштипан, каде што минатата година Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја прославија својата венчавка, а на овој важен датум решија да го крстат своето бебе.

фото инстаграм/Петар Грашо

Први на гала прославата пристигнаа домаќините, а посебно внимание привлече Хана која блесна во раскошен гламурозен фустан држејќи ја малата Алба во рацете облечена како вистинска принцеза.

фото принтскрин

Мајката на Хана, писателката Вјекослава Хуљиќ не се одвојуваше од ќерката и внуката, а со својата совршена модна комбинација, синиот фустан со длабок шлиц, ги собра сите погледи и доби многу комплименти.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Според упатените, се било организирано на највисоко ниво, а на прославата на која се очекуваше да има над 200 гости, присуствувале членовите на семејството и пријателите, како и многу познати личности, меѓу кои и пејачот Јошко Чагаљ Џоле ​​и ѕвездата Јелена Розга, пишува хрватскиот „24 сата.““.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close