Кафе муабет
Прв Божиќ на Блум: Маја Шупут објави фотографии од синот кои ќе ве растопат!
Направина Новогодишна фотосесија...
Пејачката Маја Шупут Тататаринов објави нови божиќни фотографии од нејзиното синче Блум.
Малото синооко преслатко момченце повторно ги стопи обожавателите на неговата мајка со своите фотографии.
Имено Блум беше дотеран во новогодишно стилизирано џемперче во црвена боја. На неговииот комбинезон пишува „Мојот прв Божиќ“, а тој позираше со новогодишни украси и ги стопли срцата на многумина.
– Конечно ја дочекав таа магија во декември и почнувам да славам бидејќи утре ми е прв Бадник, а веднаш потоа и прв Божиќ, објави во описот на фотографијата Маја Шупут Татаринов.
Под објавата веднаш започнаа коментарите .; „Пресладок е“, „Каква бонбона“, „Прекрасен“, напишаа воодушевените следбеници на Маја.
На фотографиите може да се видат и среќните лица на Маја и Ненад, гордите родители на Блум.
Имено Маја во неколку наврати зборуваше дека е премногу среќна што успеа да остане бремена на 42 години и дека судејќи според возраста ова е нејзина прва и последна бременост.
Во продолжение погледнете ги неговите преслатки фотографии.