Кафе муабет
Потрошија цело богатство за новиот стан – погледнете во каков луксуз ќе живеат Луна и Марко со својата наследничка!
Тие постојано се во акција, па сега купија стан за да може малата наследничка да има своја соба...
Марко Миjковиќ и Луна Џогани минатиот месец се остварија во улога на родители и ја добија ќерката Миа.
Сега парот отиде чекор подалеку кога станува збор за проширување на семејството.
Тие постојано се во акција, па сега купија стан за да може малата наследничка да има своја соба.
Имено, тие на својот Јутјуб канал им се пофалија на своите следбеници дека наскоро ќе се преселат во новиот имот, а потоа го покажаа.
Станот се наоѓа на Бежанијска Коса и има тераса, што е најважно.
Погледнете како изгледа станот на Марко и Луна на видеото подолу.
Ќе снимаат реално шоу!
Новопечените родители решиле да го снимаат семејството за нивниот канал на „Јутјуб“, кој има 104.000 претплатници….
На 15 јуни Луна Џогани и Марко Милјковиќ го добија своето прво дете ќеркичката Миа. Парот сега реши да прави реално шоу со нивната новородена ќерка.
– Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Тие уште пред два месеци се договорија да ја снимат својата ќерка и веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите на тој начин ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени – вели извор близок на парот.
Двојката, која стапи во брак неколку дена пред породувањето на Луна, верува дека нивното ново реално шоу ќе стане хит.
– Одлучија да снимаат сè! Ќе има емотивни моменти, но и смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Во некои кадри ќе се најдат и дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и други членови на големото семејство Џогани, но и Милјковиќ – вели изворот и додава дека мотивот на новопечените родители не е само пари:
– Покрај тоа што ќе заработи пари, семејството на овој начин ќе сними скапоцени моменти со Миа и ќе има вредни спомени.
– Ќе ја снимиме Миа за YouTube. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Некогаш некој ќе ја слика или ќе ја сними, па зошто да не го направиметоа?! Скоро сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и за мене е во ред – вели Луна.