Кафе муабет

Потрошила 186.000 евра за да изгледа како Барбика: На себе променила апсолутно се но тука не застанува!

Тара се нарекува жива барбика...

Австралијката Тара Џејн- Меконаки сама себе се прогласи за жива барбика откако направи бројни корекции на себе.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Имено 33 годишната Тара градите ги зголемила пет пати, носот го оперирала шест пати, а не треба да се занемарат повеќекратните дози на ботокс и филери.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Нејзиниот тен е резултат на претераните посети на солариум, кој и дава „бронзен“ ефект.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Австралијката целосно го трансформираше својот физички изглед до непрепознатливост а за тоа до сега потрошила околу 185.811 евра. Таа промени сè на себе, дури и повеќе од еднаш.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

На улиците во Мелбурн не може а да не биде забележана додека гордо се шета наоколу, фалејќи се со својот изглед. Тара (33) е здравствена работничка.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Документарната серија „Mirror Mirror“, која ги следеше Австралијците опседнати со естетски корекции посвети емисија на Тара, каде што таа се опиша себеси како „надградена кукла Барби во ограничено издание“.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Нејзината желба за постојана промена без оглед на значителниот број операции, не стивнува, всушност, секој пат расте.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

– Моментално веќе имам силиконски импланти на моите гради и едноставно не сум задоволна од нив – рекла еднаш, кога забележала блага „брчка“ на кожата на градите и мисли дека овој проблем би го решила со импланти кои ќе ја наполнат таа кожа.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Докторите кои и кажале дека нејзините 45 килограми се премалку за поставување поголеми импланти ја разочарале.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Но и покрај опасноста по нејзиното здравје, Тара тврди дека ништо нема да ја спречи на патот кон постигнување на посакуваниот изглед.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

– За мене нема граници кога се работи за пластична хирургија. Тоа е неверојатна зависност и веќе сакам поголеми гради. Штом можам, планирам да го посетам мојот хирург и да ја зголемам големината на моите гради од сегашните 1050 кубика на 1500 кубика – истакна австралиската Барбика.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

– Пластичната хирургија е она што ме прави среќна. Тоа ми дава самодоверба да бидам најдобрата верзија од себе – истакна Тара.

фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки
фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки
фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки
фото Инстаграм/ Тара Џејн- Меконаки

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close