Дом и семејство
Потресна исповед на Георгина за загубата на синот: Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на животот
За прв пат прозборе за загубата...
Георгина Родригез јавноста ја запозна како девојка на Кристијано Роналдо а сега ги полни страниците во медиумите.
Таа позираше за шпанското издание на магазинот „Elle“ и по тој повод проговори за сите настани со кои се соочи нејзиното семејство во изминатата година.
Георгина се осврна и на најтешкиот момент од нејзиниот живот а тоа е кога го загуби новородениот син.
Во октомври 2021 година, Роналдо и Георгина открија дека очекуваат близнаци. Но, нивниот син починал за време на породувањето на 18 април, додека нивната ќерка Бела Есмералда, која сега има осум месеци, преживеала.
“Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на докторите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Бараме приватност во ова многу тешко време. Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа тогаш Кристијано и Георгина на Инстаграм.
– Оваа година ми беше најкомплицирана во животот, најсреќниот момент стана најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи цел живот и што нема да можеме да го заборавиме, изјави таа.
Таа проговори и за врската со Роналдо и истакна дека е свесна дека романсата со него и овозможила да ги исполни соништата. Таа објасни како секогаш ја имала истата страст за секоја работа што ја работи, без разлика дали е чистачка, продавачка или модел.
– Јас сум девојка на најдобриот фудбалер на светот, но нема потреба луѓето, а многу од нив се жени, да го користат тоа на погрден начин, рече таа.
И покрај славата и се што има, таа потсети дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа и дека во моментов нема ништо поважно од нејзиното семејство.
„Покрај него ја пронајдов љубовта. Имаме прекрасна врска и кога сум покрај него, имам сé. Се чувствувам сакано, а љубовта победува сé“, изјави таа во една прилика.