Кафе муабет

Поранешниот на Северина ќе стане татко по четврти пат: Откри како ја запознал својата 29-години помлада партнерка

Бојана повторно е бремена...

Поранешниот на Северина, бизнисменот Милан Поповиќ (56) има причина за славење бидејќи ќе добие четврто дете.

Фото Инстаграм/ Milan Popovic

Партнерката на „кралот на бакарот“ Бојана (27) е бремена, а откриле и дека носи девојче. Парот е пресреќен што ќе добие бебе, а ова ќе биде нивната прва ќерка.

Фото Инстаграм/ Milan Popovic

Ги имаат синовите Милан, кој таа го роди во 2017 година и Ѓорѓе, кој го добија во 2019 година, додека Поповиќ со поранешната девојка, пејачката Северина го има и синот Александар. Познатиот српски бизнисмен еднаш откри како ја запознал Бојана во 2015 година.

фото инстаграм/Милан Поповиќ

– Се запознавме двајцата во Белград. Студира маркетинг, потекнува од добро белградско семејство, многу е згодна, образована, млада, духовита, снаодлива и секогаш подготвена за шега. Со неа нема кавги и расправии, дури и кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни, изјави Поповиќ.

фото инстаграм/Милан Поповиќ

Како што пишуваат српските медиуми, Бојана ретко може да се види во јавноста и Милан ја крие од љубопитните очи. Непознато е и нејзиното презиме.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Инаку Милан Поповиќ и популарната хрватска пејачка Северина сеуште водат битка околу старателството над синот Александар.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Во една прилика, на прашањето која е причината што тие двајца се разделиле Милан откри дека нивната врска била краткотрајна искра која се изгаснала. Тој рече дека не можел да го толерира нејзиното променливо расположение, од хистерија, преку омраза до потполна рамнодушност.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Милан посочи и дека за пејачката тој бил само финансиски проект, за истото бил подготвен да приложи и докази.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Милан во неколку наврати посочи дека одамна нема нормална комуникација со Северина, и не разговара ниту за детето, бидејќи таа била тврдоглава и не прифаќала туѓо мислење, за неа постоело само нејзиното.


Поповиќ исткна дека во повеќе наврати се обидел на цивилизиран начин да разговара со пејачкта за да најдат заедничко решение кое е најдобро за нивниот син, но дека тоа никогаш не е било возможно.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Дури и вели дека забележил дека чудно се однесува па се сомнева дека пие некои апчиња за смирување. Милан бил подготвен да и помогне, но таа тоа го одбила.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

– Мојот предлог секогаш бил, Северина работи ја својата работа, јас имам многу време на овој свет, пушти го синот да биде кај мене.

Мајката мора да го води детето, тоа се е приказна за медиуми, дека таа е грижлива мајка и дека јас на неа и се светам.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Се уште таа зборува за тоа, се уште зборува за инает и љубомора. За мене таа емотивна врска престана по шест месеци.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Три месеци имавме врска, другите три поминаа во несогласување. Со такви менувања на расположение кои можеби се поврзани со некоја зависност од нешто.

Фото Инстаграм/Северина

Повеќе не сум сигурен, кога барав да се тестираме на дрога за да имаме доверба еден во друг, таа одби, изби расправија, како тоа од неа смеам да го побарам, па подоцна разговарајќи со експертите сфатив дека тоа е главната причина на тие променливи расположенија, со кои не сакав да се носам, откри Поповиќ.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close