Кафе муабет
Поранешниот на Анастасија го прослави роденденот со новата девојка- Кулиќ доби изненадување на полноќ, сите изненадени од младиот бизнисмен
Брзо ја преболе Анастасија...
Ѓорѓе Куљиќ, на пошироката јавност попознат како бившиот дечко на Анастасија Ражнатовиќ, го прослави роденденот со раскошна забава во присуство на голем број гости.
Згодниот младич веќе неколку дена летува во Црна Гора со своите пријатели, па не беше големо изненадување што ја приреди забавата токму таму.
За место за забава го одбра Порто Монтенегро, кој во многу аспекти се вбројува меѓу најексклузивните приморски локации.
Роденденот на Ѓорѓе помина токму на тој начин. Во текот на вечерта се служеа скапи вина, шампањ, виски и коктели. Неможеше да се најде ниту една маана ниту за ужината, ниту за музичкиот репертоар за кој беа одговорни музичарот Шако Полумента и неговиот бенд.
Ѓорѓе кога ја дуваше роденденската торта беше опкружен со пријателите, кумовите, соработниците и сите заедно му ја пееја „Прекрасен ден“, а поранешното момче Анастасија Ражнатовиќ доби специјална честитка и бакнеж од неговата избраничка Мила Радојевиќ со која летува на познатото луксузно место.
Се најдобро во понатамошниот живот на Куљиќ му посака и Бојана Рајиќ, која до крајот на ноќта славеше со него и неговите пријатели.
Со оглед на тоа што Ѓорѓе строго го чуваше својот приватен живот во јавност, ваквото обелоденување на љубовта со Мила на социјалните мрежи за многумина изгледа како чекор поблиску до венчавка за која со години се ширеа гласини.
Ѓорѓе Куљиќ, поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, одлучи да продолжи напред по раскинувањето на петгодишната врска со младата пејачка, па си најде и нова девојка.
Ѓорѓе сега е во врска со сестрата на Николија Радојевиќ, Мила Радојевиќ.
По пет години раскина со Ражнатовиќ, која многу брзо потоа започна врска со фудбалерот Немања Гудељ. Сепак, се чини дека нејзиниот поранешен не страдаше многу по неа и тој неодамна започна врска, ни помалку ни повеќе туку со познаничка на Анастасија.
Двајцата се зближиле за време на престојот во Дубаи, сосема случајно, бидејќи таму престојувале во исто време.
Она што јавноста го памети и поради што е шокирана е тоа што пред да започне врска со Ражнатовиќ, бил во врска со Николија, со чија сестра е сега!