Кафе муабет
„Поради тебе ми е страв да родам дете”: Инфлуенсерка добива критики поради нејзиното „несовршено тело”- еве што им порача на жените!
Понекогаш ми се превртува желудникот поради навредите што ги добивам - вели таа...
Нели Лондон е инфлуенсерка која се занимава со содржини поврзани со позитивен пристап кон телото од сите големини и форми.
Таа на своите социјални мрежи често објавува фотографии кои не се обработени и без никакви филтри а како што вели поради тоа добива низа погрдни зборови и невкусни коментари од нејзините следбеници.
Таа вели дека секогаш се грижи фотографиите што ги прикачува да бидат без филтри, и токму со тоа успеа да привлече речиси пет милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм. Меѓутоа, со толку многу следбеници, пристигнуваат еден куп негативни коментари па оваа инфлуенсерка вели дека сега е изложена на напади, навреди од публиката која и испраќа одвратни пораки на сметка на нејзините нефилтрирани слики.
– Иако немам деца, најчестиот коментар што го добивам од моите придружници е дека моето тело е „толку страшно што тие не сакаат да имаат деца поради мене“, вели таа.
– Редовно споделувам слики од моето тело со сите негови „маани“, кои вклучуваат целулит и стрии и висната кожа. Понекогаш ми се превртува желудникот поради навредите што ги добивам – вели таа.
– Луѓето често не ни сфаќаат дека никогаш не сум родила дете, едноставно, моето тело изгледа вака.
Имам стрии, градите ми се спуштени, имам стомак и имам целулит. Тоа сум јас и мислам дека е во ред да имате такво тело без разлика дали имате дете или не. Излезе дека само жените кои родиле имаат право да имаат тело со „недостатоци“, и тие мора да се вратат во форма што е можно поскоро. Ние што не сме родиле очигледно немаме право на несовршености – вели таа.
– Кога луѓето ми пишуваат дека сум се запоставила, можам само да ги сожалувам. Телата се менуваат во текот на нашиот живот. Привилегија е да живеете толку долго да гледате како вашето тело се менува пред вашите очи и не сакам да се чувствувам лошо поради тоа – заклучува таа.